Контакт

Вести

Москва потврди дека ѝ испорачува оружје на Сирија за борба против тероризмот

Објавено пред

Русија ѝ испорачува воена опрема на владата на Сирија за борба против тероризмот, соопшти во понеделникот руското министерство за надворешни работи и ги оцени како измислици медиумските написи за наводното трупање руски сили во Сирија и дека ги менува своите ставови за оваа земја, откако Вашингтон изрази загриженост за овие медиумски извештаи.

dobivaj vesti na viber

„Руската страна никогаш не криеше дека испорачува воена опрема за официјалните власти во Сирија во нивната борба со тероризмот“, изјави за агенцијата РИА портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Додаде дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров во неодамнешниот телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери, во кој Стејт департментот соопшти дека била изразена загриженоста на Вашингтон од таквите информации“ му кажал дека „таквата помош Русија секогаш ја давала и дека и натаму ќе ја дава“.

„Државниот секретар јасно кажа дека доколку тие извештаи се точни, тие акции би можеле да водат кон натамошна ескалација, поголеми загуби на живот, поголем број бегалци, а се закануваат и со судир со коалицијата којашто во Сирија дејствува против таканаречената Исламска држава“, се наведува во соопштението на американската дипломатија без прецизирање на која коалиција се однесува.

Руското министерство за надворешни работи во понеделникот ги нарече „фалсификувани и измислени“ медиумските извештаи дека ги менува своите стави во однос на војната во Сирија или во врска со сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој ја продолжи децениската стратешка тесна соработка на Дамаск со Москва.

„Ние не ги именуваме, ниту ги разрешуваме странските државници, ниту самите, ниту во соработка со некого“, порача Москва.

Во меѓувреме ирскиот новинар Брајан Мекдоналд објави анализа на причините и потеклото на наводни информации кои беа објавени во американските медиуми за наводното зголемено руско воено присуство во Сирија и наводното руско приближување со Саудиска Арабија која ги финансира сириските сунитски опозиционери против претседателот Асад.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави минатиот петок дека сé уште е прерано да се зборува за воен ангажман на Русија во Сирија за борба против радикалната сунитска групација Исламска држава. Запрашан за евентуален воен ангажман на Русија, против џихадистите, Путин на новинарите им одговори дека „се разгледуваат различни опции, но ова за што вие зборувате не е дневен ред“.

„Прерано е да кажеме дека сме подготвени да одиме таму веднаш“, одговори рускиот челник, сепак потсетувајќи дека Русија со децении, вклучително и на владата на претседателот Башар ал-Асад, на Сирија ѝ продава оружје. „Ја снабдуваме Сирија со поприлично сериозна помош во воена опрема, со оспособување на нивните единици коишто ги вооружуваме“, додаде Путин.

Повеќе медиумски извештаи објавени во четвртокот и петокот, кои се повикуваа на неименувани американски функционери, говореа за наводно зголемување на руските воени сили во Сирија, кои се инаку присутни во децениската единствена во овој регион воена руска база во Тартус, како и за јакнењето на воената поддршка на сојузникот на Москва, сирискиот претседател – алавитот (шиит) Башар ал-Асад, кого САД под притисок на своите сунитски сојузници во регионот, во прв ред Турција и Саудиска Арабија сакаат да го соборат од власта и не го прифаќаат рускиот предлог да се оди на избори и политичката транзиција во Сирија да се изврши со учество на сите фактори, туку бараат тие неизоставно да се одржат без негово учество.

Цитирајќи неименуван извори од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, дневниот весник The New York Times објави дека Русија испратила воен извидувачки тим во Сирија и монтажни куќи за стотици луѓе и опрема за полски аеродром во Сирија. Според толкувањето на весникот, тоа говори дека Москва би можела да распореди до 1.000 воени советници и друг воен персонал на аеродромот кај Латакија, главното морско пристаниште во Сирија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Ова беше година на револуционерни реформи, не потклекнавме на обидите за политички притисок, рече претседателот на Уставниот суд

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска одржа прес-конференција на која даде свое осврт за 2024 година, од аспект на...

Македонија54 минути

(Видео) По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Министерството за енергетика рударство и минерални суровини и министерството животна средина и просторно планирање, денес објавија чекор напред кон одржлива...

Македонија2 часа

(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев

По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко...

Македонија2 часа

(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостиг на идеја“

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декември да дојдат на плоштадот во општината најавувајќи богата музичка програма....

Топ3 часа

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“...

Економија5 часа

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV...

Македонија6 часа

ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите...

Македонија6 часа

СДС тоне според рејтингот, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е...

Македонија6 часа

„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија....

Македонија7 часа

Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец,...

Европа7 часа

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство...

Регион7 часа

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад...

Регион8 часа

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад...

Свет9 часа

Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско. „Авион Цесна...

Свет9 часа

(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а...

Македонија9 часа

Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега

Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука...

Македонија1 ден

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет1 ден

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...