Регион
Вонредна состојба во јужна Србија поради невремето

Топењето на снеговите и обилните врнежи од дожд од вечерните часови во петокот предизвикаа порои и поплави во јужна Србија, поради што се затворени неколку локални правци, а надлежните служби јавуваат дека е загрозен сообраќајот на автопатот од Белград преку Ниш кон Македонија и Грција.
Дождот кој врнеше цела вечер предизвика поплави во Сурдулчица, Владичин Хан и Врањска бања. Поплавени се неколку населени места, а според првичните информации нема животно загрозени.
Српското министерство за внатрешни работи соопшти во петокот ноќта дека поради обилните врнежи прогласена е вонредна состојба на дел од територијата на градо Врање и во општината Владичин Хан.
Надојдената Јужна Морава се заканува да го поплави Врање, а во доцните попладневни часови веќе ги однела насипите на патот кај Владичин Хан. Надојдените локални потоци го загрозија и самиот Владичин Хан и го поплавија центарот на ова гратче, а поради излевањето на водата во областа на Врањска бања прогласена е вонредна ситуација, извести Радиотелевизија Србија.
Во селото Огаште поплавени се шеесетина куќи, надојдените води ги однеле некои локални мостови и носат со себе дрвја. На територијата на Црна Трава во моментов е најтешко, бидејќи снегот ги искинал далеководите а во прекин се и телефонските мрежи. Повеќе населени места се без електрична енергија, пренесува Танјуг.
Српската управа за патишта апелира на максимална внимателност и им препорача на возачите во јужниот дел од земјата да го прилагодат возењето според условите на патот.
Во Србија во текот на катастрофалните поплави во мај минатата година настрадаа вкупно 57 луѓе, а беа евакуирани околу 32.000 граѓани, меѓу кои само 25 илјади од Обреновац кој и најмногу настрада, а според официјалните податоци вкупните штети и загуби во Србија од мајските поплави изнесуваа 1,5 милијарди евра./крај/.мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.