Македонија
Каргов на Светски конгрес за борба против фалсификување и пиратерија
Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов учествува на Седмиот Светски конгрес за борба против фалсификување и пиратерија, што се одржува во Истанбул од 24 до 26 април 2013 година.
Седмиот Светски конгрес е организиран од Светската царинска организација (СЦО), Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и ИНТЕРПОЛ, во партнерство со Меѓународната асоцијација за фабрички и трговски марки (INTA) и Меѓународната стопанска комора (ICC). Конгресот е под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Покрај обраќањата на Генералниот секретар на СЦО и челниците на организаторите, на присутните ќе им се обрати и директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ванчо Каргов кој ќе настапи со свое излагање за новите регионални трендови и шеми во фалсификувањето и пиратеријата, техники и алатки за спроведување на законот, најнови достигнувања преку оперативни гранична соработка за спроведување на законот и што може да се направи за справување со новите предизвици во областа на заштита на правата на интелектуална сопственост.
Делегатите на конгресот ќе дискутираат и за моменталната ситуација во полето на интелектуалната сопственост, ќе ги разгледаат начините на поврзување на разните карики кои постојат помеѓу понудата и побарувачката на фалсификувана и пиратска стока, напредокот остварен кај начинот на кој функционерите задолжени за сузбивање на измама и за спроведување на законот и носителите на права се справуваат со фалсификувањето и пиратеријата на интернет.
Ќе разгледаат дополнителни мерки во поглед на запирање на протокот на стоки кои повредуваат права на интелектуална сопственост и претставуваат закана за здравјето и јавната безбеднoст, ќе дадат дополнително појаснување за судските пракси и последни промени на судското право во врска со належноста по повреди на права од интелектуална сопственост, а ќе го разгледаат и разните средства/технологии што се на располагање на приватниот/јавниот сектор за борба против фалсификување и пиратерија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

