Забава
Дневен хороскоп
Дневен хороскоп за 15.ноември 2015 година.
Овен
Ќе бидете многу трпеливи истрајни (што е чудно). Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите. Можни се некои психосоматски проблеми поврзани со енормно конзумирање на храна, но и додатни вознемирувања внатре во семејството.
Бик
Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Необавезните разговори со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа денов е погоден и за откривање на идеи кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив
Близнаци
Вашите љубовни интерси ќе се движат во работниот круг. Можна е симпатија во вашата канцеларија или познанство со интересна личност благодарение на вашите колеги. Оние што бракот го доживуваат како обврска ладно ќе ги извршуваат должностите. Можно е да ви замери партнерот, бидејќи за него немате доволно време. Здравје: просечно внимавајте во сообраќајот.
Рак
Ќе бидете во позитивен тренд. Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат пдредизивици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува. Страста и љубомората ќе ви бидат нагласени, бидете внимателни.
Лав
Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно. Слободните претставници ќе имаат успех во додворувањата.
Девица
Пред вас се многу поволни работни активности ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однеусвате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани одколку што сте претпоставувале малку ќе бидете разочарани. Што побрзо тоа подобро.
Вага
Ќе бидете доста спори, но воглавно ќе успеете да завршите се она што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели. Вагите кои се во брак со својот супруг-га ќе си поминат убави моменти.
Скорпија
Чуствувате силна потреба за сензација и во однос на тоа правите се и сешто за да ја шокирате средината. Кога ќе ја постигните целта и со сите се искарате ќе се обидете да изградите нови односи. Тоа многу тешко ќе го поднесуваат вашите жртви. Внимавајте многу бидејќи по брза постапка можете да бидете елиминрани од нивно друштво.
Стрелец
Вашето однесување ќе делува врз расоложението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а друг ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакте нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај ве очекува среќа.
Јарец
Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразувате.
Водолија
Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите. Можно е некое изненадување од странство.
Риби
Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена љубовна приказна полна со страсти, неизвесности и обврски. Слободните претставници ќе бидат опседнати со потрагата по вистинаската љубов. Здраствената состојба е чуствителан намалете со храната. крај/мф/нa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео/Фото) Џенифер Лопез не престанува со секси изданијата
Неоспорната Џенифер Лопез присуствуваше на гала настанот организиран од списанието Vanity Fair и Amazon MGM Studios и успеа да ги засени сите други со својот исклучително женствен и провокативен аутфит.
Оваа успешна жена со право е позната по тоа што е неверојатна и очигледно нема намера да застане, за наша среќа, па овој пат буквално ги остави сите без зборови, во провокативна и елегантна креација која совршено ја придружуваше нејзината женствена фигура.
Латино дивата се одлучи за спектакуларна креација во боја на цреша – носеше вечерен фустан со гол грб кој совршено се „лизгаше“ по нејзините препознатливи облини и ги истакнуваше максимално, а никого не остави рамнодушен во ова издание, дури ни модните критичари.
Фустанот го надополни со отворени чевли, чанта и кратко крзнено палто во иста боја, а деколтето и долниот дел од нејзината фигура беа целосно откриени.
Сепак, Џенифер Лопез совршено добро знае која поза да ја заземе во многу смели изданија како ова, за да не открие премногу, туку доволно.
Забава
Нордиската диета е сè попопуларна: Намалете ја тежината природно и подобрете го вашето здравје
Нордиската диета се карактеризира со фокус на сезонска, непреработена храна и се смета за здрава исхрана, помагајќи во природното слабеење.
По празниците, обично посегнуваме по диети бидејќи си дадовме малку олеснување, а здравата исхрана е секогаш најдобриот избор за слабеење. Медитеранската диета стана светиот грал на здравата исхрана, но неодамна се повеќе се зборува и за нордиската диета. Овој план на исхрана се базира на културите на жителите на нордиските земји Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска. Таа е многу слична на медитеранската диета, но промовира неколку клучни разлики.
Што е нордиска диета?
Позната и како скандинавска диета, нордиската диета се фокусира на сезонска, непреработена храна. Првпат се појави како официјален план на исхрана во 2012 година кога Универзитетот во Кембриџ ги објави резултатите од студијата што ги дефинираше упатствата за новата нордиска диета. Ги вклучуваше следниве три принципи:
– повеќе калории од растителна храна и помалку од месо
– повеќе храна од морето и езерата
– повеќе храна од село
Главните намирници на нордиската исхрана:
– зеленчук (темнозелен лиснат зеленчук, свеж грашок и зеленило, зелка, кромид или коренест зеленчук)
– мешунки (грав, леќа или сушен грав)
– овошје и бобинки (боровинки, брусница, јаболка, круши, сливи)
– јаткасти плодови и семки (сончогледово семе, ореви, сусамово семе или костени)
– цели зрна (овес, мусли, јачменов брашно, ‘ржан леб или тестенини од цело зрно)
– риба и морски плодови (лосос, харинга, ослиќ, штука, скуша, сом или туна)
– млечни производи со ниска масленост (сирење, путер, ферментирано млеко или јогурт)
– растително масло и масни намази на база на растително масло (масло од репка)

„Нордиската диета е диета базирана на растенија, влакна и морска храна, која може да изгледа слично на медитеранската диета и често се споредува со неа“, објаснува диететичарот Дон Менинг за Best Life, наведувајќи ги главните разлики.
Главната разлика е видот на маслото; наместо маслиново масло, таа става акцент на масло од канола. Нордиската диета вклучува и повеќе млечни производи со ниска масленост, додека медитеранската диета е пополна. Како и медитеранската диета, нордиската диета вклучува многу малку јајца и живина и препорачува намалување на црвеното или преработеното месо.
Кои се здравствените придобивки од нордиската диета?
Губење на тежина и антиинфламаторни својства
Со избегнување на преработена храна, заситени масти, месо со висок холестерол и додадени шеќери, следењето на нордиската диета може природно да ви помогне да ослабете. Но, може да го намали и воспалението, за кое е докажано дека придонесува за зголемување на телесната тежина и многу хронични заболувања. Студија од 2015 година објавена во The American Journal of Clinical Nutrition откри дека здравата нордиска диета ја намалува експресијата на воспалителни гени во поткожното абдоминално масно ткиво.
Го намалува холестеролот и шеќерот во крвта
Независно од губењето на тежината, нордиската диета може да помогне во намалувањето на холестеролот и шеќерот во крвта, според студија од 2022 година објавена во списанието Clinical Nutrition.
„Групата што ја следеше нордиската диета шест месеци стана значително поздрава, со пониски нивоа на холестерол, пониски вкупни заситени и незаситени масти во крвта и подобра регулација на гликозата, во споредба со контролната група“, објасни авторот на студијата Ларс Ове Драгстед, истражувач и раководител на одделот на Одделот за исхрана, вежбање и спорт на Универзитетот во Копенхаген. Тој и неговиот тим претпоставија дека здравствените придобивки се должат на незаситените масни киселини од маслата во нордиската диета.
Подобрено здравје на цревата
„Ферментираните млечни производи, како што се обезмастеното млеко и кефирот, обезбедуваат корисни пробиотици за здравјето на цревата, кои пак ја поддржуваат хормоналната рамнотежа“, објаснува Браун.
Кефирот дури е наречен и суперхрана поради неговата посебна концентрација на здрави цревни бактерии, кои се поизразени отколку во обичниот јогурт.
Понизок крвен притисок
Друга студија, објавена во Journal of Internal Medicine, пронајде докази дека следењето на нордиската диета го подобрува кардиоваскуларното здравје, бидејќи „ги подобрува липидните профили во крвта и чувствителноста на инсулин и го намалува крвниот притисок на клинички релевантни нивоа“.
Забава
(Видео) Транспарентно, но не и вулгарно: Деми Мур е икона на стилот
Меѓу многуте познати личности кои блескаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите WWD Style Awards во Санта Моника беше и Деми Мур, без која, се чини, ниту еден настан не може да помине.
Беспрекорно стилизирана, таа пристигна во друштво на својот стилист Бред Горески, благодарение на кого повторно остави фантастичен впечаток. На церемонијата на доделување награди пристигна не само како еден од гостите, туку и од многу важна причина – да ѝ биде врачена наградата за модна икона.
„Да беше оставена сама на себе, дефинитивно би се облекувала како дванаесетгодишно момче“, се пошегува стилистот на Деми Мур и ја насмеа публиката. И јасно е зошто го кажа тоа… Стилот на Деми Мур во последно време е многу женствен, впечатлив, луксузен, елегантен, провокативен – и воопшто не е вулгарен.
Таа е тренди и носи проѕирни фустани, но на софистициран начин. И не е изненадување што и овој пат освои комплименти и магнетски привлече внимание.
Таа носеше долг вечерен фустан направен од полупроѕирен материјал дискретно исполнет со светки и ја комплетираше провокативната креација само со соодветен накит во форма на обетки и ѓердан.
Во раката имаше црна мат чанта, како и црни шпицести чевли, и ни докажа дека проѕирниот фустан може да биде елегантен и софистициран.

