Контакт

Вести

Кери му изразил загриженост на Лавров за наводниот руски ангажман во Сирија

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери му ја изразил својата загриженост на својот руски колега по должност Сергеј Лавров поради извештаите дека Русија за наводно засилено трупа воени сили во Сирија, соопшти во саботата вечерта американскиот Стејт департмент.

dobivaj vesti na viber

„Државниот секретар јасно кажа дека доколку тие извештаи се точни, тие акции би можеле да водат кон натамошна ескалација, поголеми загуби на живот, поголем број бегалци, а се закануваат и со судир со коалицијата којашто во Сирија дејствува против таканаречената Исламска држава“, се наведува во соопштението на американската дипломатија без прецизирање на која антиџихадистичка коалиција се однесува.

Во, исто така, штурото соопштение на руското министерство за надворешни работи се истакнува дека телефонскиот разговор бил по иницијатива на американската страна, како и дека „Во текот на разговорите беа дискутирани различните аспекти на ситуацијата во Сирија и околу неа, задачите во борбата против Исламската држава и другите терористички организации, како и прашањата за заедничките активности во поддршка на напорите на ОН за воспоставување на политичкиот процес во Сирија во согласност со одредбите од Женевското коминике од 30-ти јуни 2012 година“.

Притоа забележливо не се споменуваат изразите на загриженост за кои се зборува во американското соопштение, но двете страни истакнуваат дека Кери и Лавров се договориле разговорите за Сирија да ги продолжат подоцна овој месец во Њујорк.

Претходно Вашингтон, кој инаку изведува воздушни удари врз позициите на Исламската држава во Сирија, без консултации и договор со владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, најави дека ќе ги испита „слуховите за руските единици на задача“ во Сирија. САД во четвртокот најавија дека ќе ги испитаат информациите според коишто Русија води воени операции во Сирија, предупредувајќи дека таквите акции, кога би биле потврдени, би биле „дестабилизирачки и контрапродуктивни“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека сé уште е прерано да се зборува за воен ангажман на Русија во Сирија за борба против радикалната сунитска групација Исламска држава. Запрашан за евентуален воен ангажман на Русија, против џихадистите, Путин на новинарите им одговори дека „се разгледуваат различни опции, но ова за што вие зборувате не е дневен ред“.

„Прерано е да кажеме дека сме подготвени да одиме таму веднаш“, одговори рускиот челник, сепак потсетувајќи дека Русија со децении, вклучително и на владата на претседателот Башар ал-Асад, на Сирија ѝ продава оружје. „Ја снабдуваме Сирија со поприлично сериозна помош во воена опрема, со оспособување на нивните единици коишто ги вооружуваме“, додаде Путин.

Повеќе медиумски извештаи објавени во четвртокот и петокот, кои се повикуваа на неименувани американски функционери, говореа за наводно зголемување на руските воени сили во Сирија, кои се инаку присутни во децениската единствена во овој регион воена руска база во Тартус, како и за јакнењето на воената поддршка на сојузникот на Москва, сирискиот претседател – алавитот (шиит) Башар ал-Асад, кого САД под притисок на своите сунитски сојузници во регионот, во прв ред Турција и Саудиска Арабија сакаат да го соборат од власта и не го прифаќаат рускиот предлог да се оди на избори и политичката транзиција во Сирија да се изврши со учество на сите фактори, туку бараат тие неизоставно да се одржат без негово учество.

Цитирајќи неименуван извори од администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, дневниот весник The New York Times објави дека Русија испратила воен извидувачки тим во Сирија и монтажни куќи за стотици луѓе и опрема за полски аеродром во Сирија. Според толкувањето на весникот, тоа говори дека Москва би можела да распореди до 1.000 воени советници и друг воен персонал на аеродромот кај Латакија, главното морско пристаниште во Сирија.

Бунтот против четиридецениското владеењето на сириската социјалистичка партија Баас, која ја предводи сето тоа време семејството Асад, избувна во март 2011 година, по инерција на ткн Арапска пролет со која во низа арапски земји, како Либија, Тунис, Египет и Јемен, беа урнати децениските автократски режими. Официјален Дамаск, односно владата на Башар ал-Асад, која има поддршка од алавитите, либералните сунити, Друзите и христијаните, додека значајната курдска заедница се држи настрана од конфликтот, ги обвинува Турција, Катар и Саудиска Арабија и нивните западни сојузници дека со своите диверзантски групи ги предизвикале судирите во Сирија и оти планирано материјално и воено ја поддржувале сунитската вооружена опозиција која тие ја нарекуваат „умерена“.

Меѓутоа, во текот на речиси четири ипол годишниот конфликт, граѓанската војна во Сирија се претвори во меѓуконфесионален судир во кој најголема полза имаа џихадистичките организации како Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на ал Каеда, додека опозицските сили поддржани од Западот контролираат само мали територии, главно, кон границата со Турција и Либан./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ризик од појавa на пожари поради високите температури: МЗШВ апелира на претпазливост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на...

Економија2 часа

Ранливите потрошувачи и натаму незаштитени: итни мерки барат Инжинерите на Македонија

Додека Владата и Министерството за енергетика се фалат со новиот Закон за енергетика, илјадници граѓани остануваат без никаква реална заштита...

Македонија2 часа

Се очекува Македонија годинава да ја посетат 1,5 милиони туристи, најбројни се гостите од Турција

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во бројот на странски посетители, најновите податоци покажуваат 21.6 % раст во првата половина од...

Македонија3 часа

Казни и до 2.000 евра: МВР со потсетување на целосната забрана за движење во шумите

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите – ЈП...

Свет3 часа

Мерц: Германија мора да ја води Европа напред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц истакна дека има намера повторно да ја направи Германија движечка сила на Европската Унија, како и...

Македонија4 часа

Ја давел, ја влечел по подот и ја удирал: обвинение за семејно насилство во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при...

Свет4 часа

Постигнат договор меѓу САД и Кина? Ретки метали за Американците, помалку царини за Кинезите

САД постигнаа договор со Кина за тоа како да се забрзаат испораките на ретки земни метали во САД, изјави синоќа...

Свет4 часа

Сијарто: Украина погрешно мисли дека може да се приклучи на ЕУ без поддршката на Унгарија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Министерството за надворешни работи на Украина погрешно мисли дека земјата може...

Свет4 часа

Да го имавме на нишан, ќе беше елиминиран: Кац за врховниот лидер на Иран

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека за време на неодамнешниот дванаесетдневен вооружен конфликт со Иран, Израел се обидел...

Свет4 часа

ЕУ ги продолжува санкциите кон Русија

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) го поддржаа обновувањето на секторските санкции против Русија за уште шест месеци, до...

Свет4 часа

Масовни напади од двете страни: Украина испрати дожд од беспилотни летала кон Волгоград, Русија тргна кон Запорожје

Ноќниот напад на руски беспилотни летала врз Запорожје предизвика серија пожари и штети на индустриски згради и гаражни објекти, објави...

Македонија15 часа

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот

Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме...

Македонија19 часа

(Видео) Арсовска: Според документите на Ганиу, 11-годишно дете ја изградило 12-катницата во Чаир и поднело барање на нотар, ова е криминал

Документи со 20 случаи за незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир се поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија21 час

Од 1 јули целосна забрана за движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје, согласно член 57, став 3 од...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот на СДСМ Венко Филипче со предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска...

Македонија23 часа

Мицкоски до Филипче: Зошто преговаравте за македонскиот идентитет и јазик, ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја...

Свет1 ден

Топлотни бранови низ целиот свет: „Многу е рано, не изгледа добро“

Поради неподносливата топлина, Торонто одлучи да ги држи своите градски базени отворени речиси до полноќ. Британците масовно бегаат кон брегот....

Македонија1 ден

Синдикат на култура: Работници немаат добиено плата за мај, инструкции се даваат по телефон

Две институции од областа на културата, НУ Стоби и ЈУ Универзална сала, немаат плата за мај. Причината лежи во тоа...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение за таткото од Драчево кој ја тепаше крвнички неговата четиригодишна ќерка

Обвинителството поднесе обвинение против таткото од скопско Драчево кој крвнички ја тепаше неговата четиригодишна ќерка. „Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи...

Македонија1 ден

Халкидики: Се удави 19-годишен турист од Северна Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Македонија се удави во вторникот попладне на централната плажа во Ханиоти на Халкидики, објави halkidikinews. Според извештајот...