Регион
Продолжени преговорите за обединувањето на Кипар
Кипарските функционери, претставници на кипарските Грци и на кипарските Турци ги продолжија во петокот под покровителство на Обединетите нации преговорите кои се претставени како најдобрата можност по долги години да се дојде до повторно обединување на островот кој е поделен четири децении.
„Имам големи надежи за иднината. Се надевам дека овој ден значи почеток на среќната иднина за сите Кипрани“, изјави за медиумите претседателот на Република Кипар, во која живеат Грците, Никос Анастазијадес, пред средбата со Мустафа Акинчи, неодамна избраниот претседател на непризнаената Турската Република Северен Кипар.
На повик од специјалниот пратеник ОН, Еспења Барт Еидеа, двајцата челници би требало „општо да ги разменат ставовите и да се согласат за модалитетите и заченоста на идните средби“.
Генералниот секретар ОН Бан Ки-мун го поздрави од Њујорк !ангажирањето на двајцата челници околу неизоставниот напредок, на конструктивен и ангажиран начин“, со повторното покренување на преговорите прекинати во октомври 2014 година и во заостанувањето во напредокот веќе со години“. Во соопштението Бан ги повика челниците „да ја искористат таа можност за постигнување конкретен напредок“.
Турски Кипар опстојува со помош на Турција чиишто брегови се на само 80 километри оддалеченост. За остатокот од светот тоа е зона којашто Анкара ја анектирала во 1974 година како одговор на државниот удар на грчките националисти во настојувањата овој медитерански остров да го присоединат на Грција. Станува збор за 37 отсто од вкупната територија на Кипар на којашто во 1983 година беше прогласена Турската Република Северен Кипар.
Околу илјада војници со мандат на Обединетите нации ја надлгедуваат ткн „зелена линија“ која го сече островот од исток кон запад, а повеќе десетици илјади турски војници се распоредени во северен Кипар.
Во моментот кога турската и грчката страна се подготвуваат за враќање на преговорите под покровителство на 25-то специјален претставник на ОН за кипарското прашање, норвешкиот дипломат Еспен Барт Еиде, овие избори се сметаа за многу важни. Имено, во текот на изминатите 41 година, колку што траат обидите за решавање на кипарското прашање, островот сместен меѓу Средоземјето и Блискиот исток станува се’ поважен, како поради својата геостратешка поставеност, така и поради неодамна откриените резерви од нафта и природен гас во неговите води./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

