Македонија
Над 80 отсто македонски граѓани сакаат во ЕУ и во НАТО
Во анектата што ја објави во среда Институтот „Павел Шатев“ покажува дека попвеќе од половината испитаници го поддржуваат Рамковниот договор а повеќе од 80 отсто го поддржуваат влезот на земјава во Европската Унија
На прашањето „Дали го поддржувате Рамковниот договор?”, од испитаните 1.100 граѓани, 579 или 52,6 отсто се изјасниле дека го подржуваат дговорот од Охрид со кој во 2001 г. беше окончан конфликтот. Не го поддрживаат, пак, 321 испитаник или 29,2 отсто а со „не знам“ одговориле или воопшто немале одговор 200 анкетирани или 18,2 отсто. Како што се забележува, резултатите од ова прашање ја покажуваат константната поддршка на повеќе од половината од испитаните граѓани за Рамковниот договор, тренд што се бележи последните неколку години. Анкетарите од Институтот „Павел Шатев“ на испитаниците им го поставиле и прашањето „Ако следната недела се одржи референдум за влез на Република Македонија во ЕУ, како би гласале вие?”. Притоа од 1.100 анкетирани 907 или 82,5 отсто се изјасниле позитивно а против би гласале 76 или само 6,9 проценти, додека бе одговор на ова прашање биле 117 лица или 10.6 отсто Исто така висока подддршка во анкетата добил и влезот на македонските граѓани во НАТО алијансата. На прашањето „Ако следната недела се одржи референдум за влез на Република Македонија во НАТО, како би гласале вие?”, 900 грашани или 81,8 отсто одогвориле со „за“ додека „против“ бил одговорот на само 85 испитаници или 7,7 а 10,5 отсто или 115 анектирани немаат став по ова прашање.Резултатите од последните две прашања го покажуваат трендот на висока поддршка што граѓаните ја даваат за зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Битола, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Битола каде што се измерени -4 степени, -2 било во Прилеп и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Тетово, Демир Капија, Струмица, Штип, Берово, Кавадарци, Крушево и Маврови Анови, 1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Претор, Виница, Велес и Дебар, 2 во Куманово, 3 во Охрид и Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 49 сантиметри на Попова Шапка, 40 Маврови Анови, 22 Крушево, 15 Битола, 7 Тетово, 5 Демир Капија, Берово, 4 Штип, Лазарополе.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
„Срамен чин на манипулација со државни пари, обвинителството да реагира“, бара ДУИ
„Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е изградена врз лаги и манипулации. Нивните јавни изјави за некакви официјални покани за учество на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп претставуваат срамна измама и грд обид да се создаде илузија за меѓународна поддршка“, велат од ДУИ.
„Наместо да ги претставуваат достоинствено интересите на граѓаните, тие се појавија шетајќи по улиците на Вашингтон, објавувајќи гротескни фотографии на социјалните мрежи пред плакатите на церемонијата и владините објекти.
Оваа јавна фарса, платена со пари од даночните обврзници, е врв на манипулациите кои го карактеризираат овој политички субјект без визија, морал или одговорност кон граѓаните.
Со овој срамен потег, тие се понижија себе си, ги понижија Албанците, а го доведуваат во прашање и интегритетот на институциите кои ги предводат пред очите на светот.
Покрај политичката манипулација, во овој случај се работи и за груба злоупотреба на јавни средства за скапи прошетки во чија основа се недолични политички цели.
Овие поединци секако не ја претставуваат волјата на народот, но овој пат го покажаа вистинското лице на нивната алчност, личните интереси и темните агенди.
Бараме секој од овие поединци прво веднаш да ги објави средствата кои државата ги потрошила за оваа нивна екскурзија, а потоа обвинителството за борба против корупцијата да започне целосна и непристрасна истрага за овој скандал.
Измамниците да ја прекинат злоупотребата веднаш и средствата да ги вратат во буџетот на државата“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.