Регион
Анкара демантира дека го блокирала фејсбук, твитер и јутјуб
Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин го демантираше пишувањето на некои медиуми претходно во понеделникот дека властите го блокирале достапот до социјалните мрежи Facebook, Youtubе и Twitter, меѓутоа признава дека обвинителството ги задолжило администраторите на овие интернет ресурси да го отстранат видео и фото материјалот во врска со неодамнешното земање во заложништво на обвинителот Селим Кираз во Палатата на правдата во Истанбул.
Претходно во понеделникот турските медиуми објавија дела постои проблем со пристапот кон споменатите ресурси на територијата на Турција и тоа го поврзаа со блокирање од страна на властите.
„Колку што ми е познато, обвинителството побара тие снимки да не објавувани во медиуми, медиумите, но не стана збор за блокирање на ресурсите“, изјави Калин за медиумите. Додаде, дека во секој случај тоа не треба да се смета како напад врз слободата на говорот.
Милитантите на екстремната левичарска група Револуционерна партија (фронт) за народно ослободува (DHKP-C) минатиот вторник во Истанбул го земаа во заложништво државниот обвинител, кој по 16 часа заложништво почина во болница откако беше застрелан за време на операцијата за негово ослободување. Претходно на социјалните мрежи, од каде што ја преземаа турските медиуми, беше објавена фотографија на заложникот кому во главата му е вперен пиштол. Премиерот Ахмет Давутоглу го осуди објавувањето на тие материјали и обвини дека со тоа се повредуваат чувствата на семејството на обвинителот Кираз.
Во март 2014 година Twitter и Yоutube беа блокирани на територија на цела Турција со одлука на судот во врска со објавувањето на компромитирачки материјали за членови на турската влада. Но во април, Уставниот суд призна дека блокирањето на Twitter ги нарушува правата на корисниците и го поништи претходното решение. Кон крајот на ланскиот мај беше донесена иста одлука и во случајот на YouTube
Во Турција има околу 15 милиони корисници на Twitter, свои официјални акаунти имаат и шефот на државата, премиерот и неговите министри./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Јотова го назначи Ѓуров за технички премиер: Бугарија влегува во процес на формирање привремена влада
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, ќе го задолжи кандидатот за вршител на должноста премиер Андреј Ѓуров да формира влада, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Шефицата на државата го назначи заменик-гувернерот на Бугарската народна банка (БНБ) Андреј Ѓуров за вршител на должноста премиер. Денес во 10:00 часот, претседателката Јотова ќе го прими Ѓуров во Дондуков 2.
Според Законот на БНБ, доколку гувернерот или заменик-гувернерот изразиле експлицитна согласност да бидат назначени за вршител на должноста премиер, тој или таа треба да поднесе оставка.
„Фер избори може да се одржат кога привремената влада не се меша во политичката сцена, е доволно неутрална и работи само во рамките на овластувањата што ѝ се доделени со Уставот“, рече Андреј Ѓуров по разговорот со Илијана Јотова во јануари, пренесува „Офњуз.бг“.
Според Уставот на Бугарија, по консултации со пратеничките групи и по предлог на кандидатот за привремен премиер, претседателот назначува привремена влада и закажува избори во рок од два месеци.
Минатата недела, претседателката изјави дека таа и нејзиниот тим ќе сторат сè што е можно за да се одржат изборите на првиот датум по велигденските празници. Првата недела по Велигден е 19 април.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Регион
Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер
Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак во најмладата земја во Европа.
Новата влада на Курти беше потврдена со 66 гласови „за“ во парламентот со 120 места. Неговата партија „Ветевендосје“ (Самоопределување) освои 57 места на декемвриските избори, а тој успеа да добие поддршка од неколку мали партии на етничките малцинства.
Новата влада се соочува со итни задачи за одобрување на буџетот за 2026 година и обезбедување меѓународни заеми и пакети за помош во вредност од стотици милиони евра, пишува Ројтерс.
„Во следните четири години, ќе ги зајакнеме сојузите и ќе инвестираме една милијарда евра во одбрана“, им рече Курти на пратениците пред гласањето.
„Ќе ставиме во употреба фабрика за муниција, ќе ја развиеме воената индустрија на Косово и ќе произведуваме домашни борбени беспилотни летала.“
Земјата со 1,6 милиони луѓе одржа предвремени избори во декември 2025 година по неубедливите резултати во февруари.
Курти кратко беше премиер во 2020 година, сè додека не беше изгласан за разрешување од функцијата. Потоа беше премиер од 2021 до 2025 година, а изминатата година ја помина водејќи привремена влада.
Косовскиот парламент сега мора да избере и нов претседател до 5 март, процес што ќе се покаже како предизвикувачки бидејќи бара двотретинско мнозинство. Без таква поддршка, на Курти ќе му биде потребна поддршката од опозицијата или ќе се соочи со уште едни предвремени избори, објави Ројтерс.

