Контакт

Вести

По 17 години опозицијата ја презема контролата над парламентот на Венецуела

Објавено пред

Венецуелската опозиција ја презема во вторникот контролата над Конгресот, првпат по 17 години на бурната седница којашто заврши со напуштање на заседанието на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро, додека опозицијата се подготвува за борба со власта во сé подлабоката економска криза.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата на Демократското единство освои двотретинско мнозинство на декемвриските парламентарни избори освојувајќи ги гласовите на избирачите гневни поради економската криза, сé повисоките цени и хроничниот недостиг од производи.

Претседателот Николас Мадуро го оцени новиот парламент како „десничарски“ и „буржоаски“ и ја обвини опозицијата дека се подготвува да ги укине социјалните програми коишто ги воведе неговиот харизматичен претходник, покојниот социјалистички претседател Уго Чавез.

Поддржувачите на Мадуро демонстративно ja напуштија зградата на новото Национално собрание веќе на првата седница. Според нив, новоизбраниот спикер на парламентот Анри Рамос ги прекршил правилата настапувајќи со свој говор на отворањето на првата пленарна седница.

Рамос го искористил штотуку стекнатата контрола над парламентот прекинувајќи ги нападите на еден социјалистички пратеник врз опозицијата велејќи дека му изминало времето на говорницата. И пред тоа и потоа, на заседанието двете групации бучно разменувале обвинувања за корупција и предавство, пренесуваат локалните медиуми

Кога Рамос бил нападнат од друг социјалистички претставник кој се повикал на кршењето на деловникот, овој одбил да му даде збор велејќи „Полека конгресмену, работите тука се променија“.

„Само што ја отворија првата седница и веднаш го прекршија деловникот за работа на парламентот“, го цитира Reuters пратеникот од Обединетата социјалистичка партија на Венецуела, поранешниот спикер на Националното собрание, Диосдеадо Кабељо.

Во декември 2015 година во Венецуела опозицијата првпат по 17 години успеа да воспостави контрола над парламентот. Сепак, на 30-ти декември, Врховниот суд го суспендираше инаугурирањето на тројца опозициски пратеници со што опозицијата го загуби квалификуваното мнозинство. Опозицискиот пратеник Фреди Гевараги повика граѓаните да реагираат на одлуката на судот и во вторникот да излезат на улиците.

Сепак, беше објавено дека сите пратеници биле избрани според законот, и сите пратеници на опозицијата во рок започнаа со мандатите, а Националното собрание започна со работа во вторникот со верификација на мандатите на пратениците.

Чавез ја презема власта во почетокот на 1999 година, а неговата национализација на ресурсите од рацете на странските компании и големи социјални програми кои се базираа на приходите од нафтата придонесоа да не биде загрозен на ниедни избори до неговата смрт од рак. Неговиот наследник Мадуро, возач на автобус, од изборите во 2013 година не успеа да ја повтори харизмата на претходникот, а неговата влада пропушти да ги спроведе длабоките економски реформи кои ги вети.

Отстранет е во вторникот портретот на покојниот Чавез кој беше поставен во главната сала на Конгресот изминатите години, кој противниците го прогласуваа за симбол на незаконската политизација на јавните институции. /крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија2 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија2 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ2 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија2 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија2 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет4 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет6 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет6 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет6 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет6 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа7 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија17 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет17 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет20 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет20 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....