Контакт

Општество

Се воведува електронска евиденција на медицинскиот девник

Објавено пред

Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, е систем кој постојано се оптимизира и надградува, а од денеска се воведува уште една новина, којашто се однесува на електронско водење на медицинската документација, информираше во саботата на прес-конференциа Милан Аризанкоски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи МојТермин – воведување електронско водење на медицинската документација.
 

dobivaj vesti na viber

Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин, е систем кој постојано се оптимизира и надградува, а од денеска се воведува уште една новина, којашто се однесува на електронско водење на медицинската документација, информираше во саботата на прес-конференциа Милан Аризанкоски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи МојТермин – воведување електронско водење на медицинската документација.

 

Аризанковски потсети дека при преглед на пациент, независно на кое ниво на здравствена заштита е спроведен, докторите го заведуваат во медицински дневник и во системот за електронски евиденции.

„Досега медицинскиот дневник, кој претставува основна медицинска документација во кој се внесуваат податоци за прегледот на пациентот во здравствените установи, се водеше на хартиен образец, со рачно внесување на податоците за посетата на пациентот. Сето тоа значеше дополнително ангажирање на вработените во установите. Со воведување на националниот систем за електронска евиденција во здравството, Мој термин, се создадоа услови за електронско водење на медицинскиот дневник. Ова значи дека податоците кои веќе се внесени во апликацијата која се користи во ординацијата на лекарот или во амбулантата, автоматски ќе се префрлат во електронскиот медицински дневник. Со тоа, во голема мерка ќе се намали административната работа во установите при што се добиваат комплетни податоци за прегледот кој е извршен“, рече Аризанковски.

Според него со тековната работа во системот за електронски евиденции во здравството МојТермин или во софтверска апликација која е интегрирана со него, повеќе не е потребно паралелно запишување на медицинските податоци за прегледот во хартиен дневник во здравствената установа. На овој начин, како што рече Аризанковски, се овозможува значително намалување на обемот на административна работа во приватните здравствени установи, како и во јавните здравствени установи на секундарно и терциерно ниво.

Во медицинскиот дневник се внесуваат податоци за пациентот, како и податоци поврзани со здравствената состојба и укажаната здравствена заштита. Податоците се структуирани и прикажани во посебен образец кој во првата година ќе се печати и ќе се заверува со потпис и факсимил на лекарот. Во блиска иднина, со воведување на дигитален потпис кај здравствените работници, дневникот ќе се води исклучително електронски, без потреба за печатење.

„Медицинскиот дневник ги содржи основните податоци за пациентот, како и медицински податоци, тип на извршена здравствена услуга, дијагноза, терапија, упатувања, боледувања и слично. Во еден запис се запишуваат податоци само за еден пациент и за еден извршен преглед. Со овој правилник не се отфрла хартиената документација во здравствените установи, туку се изменува начинот на која таа се евидентира.

Внесувањето на податоците во медицинскиот дневник го врши лекарот за време на прегледот на пациентот, а воедно ги координира сите активности потребни за гаранција на веродостојноста на податоците, неовластен пристап, промена на податоците и заштита од губење на податоците. На крајот на работниот ден, внесените податоци во системот задолжително се печатат во хартиена форма и истите треба да бидат потврдени со факсимил и печат на докторот. Хартиената форма, односно образецот и податоците кои се евидентираат во него се дефинираат преку овој правилник.

„Овој начин заштедува време кај здравствените работници при приемот на пациентите во здравствената установа и нивната реализација на прегледи, односно овозможува времето да биде искористено за медицинскиот дел од прегледот на пациентот. Со овој Правилник се опфатени над 9.000 доктори кои работат во јавните и приватните здравствени установи, 50 отсто од нив се на примарно ниво, а другите 50 проценти се на секундарно и терциерно здравствено ниво“, додаде Аризнаковски.

Како што истакна, покрај олесувањето на работата во евиденцијата на податоците во дневникот, се олеснува и работата на државниот санитарен и здравствен инспекторат кој согласно законот за евиденции во здравството ја има надлежноста за контрола на внесувањето на податоците како и проверка на веродостојноста на истите. Сите податоците на сигурен начин се пренесуваат и зачувуваат во едно централизирано место, од каде Државниот санитарен и здравствен инспекторат може да ги извршува своите контроли.

Правилникот е испратен до сите софтверски компании кои имаат моментална интеграција со МојТермин и потребно е да ги прилагодат своите софтверски решенија кон електронскиот начин на водење на дневникот.

Докторите што го користат директно Мојтермин можат да започнат со користење на електронскиот дневник од наредниот понеделник, додека докторите кои користат интегрирани решенија кон МојТермин се планира да започнат од 1-ви ноември. Од први јануари 2015 година, овој начин на водење на медицинската документација станува задолжителен./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија4 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија4 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија5 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија6 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија7 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет7 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија8 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет9 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет10 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион10 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет10 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа10 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет10 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија23 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 ден

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...