Македонија
СРД – неопходно е независно и професионално новинарство
Советот за радиодифузија (СРД) ги охрабри медиумите да ги продолжат заложбите за независно и професионално новинарство, изразувајќи им поддршка
Советот за радиодифузија (СРД) ги охрабри медиумите да ги продолжат заложбите за независно и професионално новинарство, изразувајќи им поддршка во рамки на законски надлежности.
„Делумната слобода на медиумите во Македонија, изнесена во последниот извештај на Фридом Хаус, треба да претставува поттик за унапредување на сферата на медиумите во земјата. Слободата на изразување и одговорноста за јавно искажаниот збор се и треба и понатаму да бидат основа за градење демократски амбиент во државата“, порача СРД по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
Членовите на СРД нагласија дека „од исклучителна важност е и самите новинари да истраат во напорите за професионално новинарство“./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Морбидно е партијата која ја води човекот во чие време живи гореа пациенти во модуларната болница да зборува за жртви во здравство, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. СДС имаше низа скандали во здравството со матни тендери, заглавување на штипската болница и уништување на Детската кардиохирургија.
Филипче дозволи изградба на модуларни болници без стандарди, а кога трагично изгореа пациенти, тој ја обвини техничката опрема.
Под водство на Филипче, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици па беше вратен на работа, а болниците останаа без основни лекови. Македонија стана држава со најголема смртност за коронавирусот, додека апарати не се користеа.
СДС за време на пандемијата наместо транспарентност и решенија, го оптовари здравствениот систем со неефикасни протоколи и сомнителни договори за вакцини.
СДС беа неспособни и неодговорни. СДС го претвори здравствениот систем во поле за лична корист, и ги игнорираше последиците врз животите на граѓаните.
Филипче, како сегашен лидер на СДС, ја симболира онаа неказнивост која беше присутна за нивните 7 години.
Наместо да понесе одговорност, тој остана на врвот на СДС, иако како министер ги загрозуваше животите на граѓаните преку коруптивни набавки.
СДС здравството го претвори во систем каде што имаше ниски плати, недоволна мотивација и отсуство на реформи што придонесе масовно иселување на лекарите и медицинскиот персонал.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на враќање на довербата во здравството преку транспарентност и отчетност.
ВМРО-ДПМНЕ ги става граѓаните на прво место, а активно работи на подобрување на условите за работа на здравствените работници.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно работи на заздравување на здравствениот систем, а пораката е јасна, дека секој кој го злоупотребил здравството ќе биде ставен под лупа на законот. Време е за темелна ревизија и правна одговорност“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
(Фото) Празничен викенд во Ѓорче Петров – магија, радост и заедништво
Празничната атмосфера оваа година започна токму од општина Ѓорче Петров, носејќи радост, среќа и заедништво за сите генерации. Викендот беше исполнет со низа активности кои внесоа празничен дух во секој агол на нашата општина, информира општината.
Во саботата, караванот „Зимска Бајка“ донесе магична празнична атмосфера во паркот на Ѓорче Петров. Најмладите преку детскиот музички фестивал „Соната“, кој оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење, ги развеселија нашите најмлади жители. Под раководство на Александар Китевски и Розета Дулевска, фестивалот останува симбол на детскиот талент и љубовта кон музиката.
На дечињата во реонскиот парк им беа поделени новогодишни пакетчиња, се сликаа бесплатно со Дедо Мраз, а уживаа и во дружењето со веселите маскоти. Вечерта ја збогати настапот на детскиот хор „Поточиња“.
Музиката од изведувачите ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска ја задржаа весела и празнична енергијата во текот на целиот настан.
Во фокусот на празничниот викенд беа и постарите жители на општината. На сопствена иницијатива, берберите од нашето Ѓорче во неделата организираа бесплатна акција за шишање на пензионери и лица од ранливи категории.
Градоначалникот Александар Стојкоски изрази огромна благодарност до сите кои придонесоа за реализацијата на овој празничен викенд, со посебен акцент на хуманите сограѓани: Мики, Пеко, Нено, Боки, Даме, Спасе, Брицо Малеш, Љупчо и Аце Пекар, кои со својата посветеност покажаа што значи вистинска грижа за заедницата.
Во рамки на подготовките за Бадниковите поворки 2025, беа одржани и детски работилници кои прераснаа во вистинска лекција за љубов, вера и заедништво. Секоја активност, секоја изработена декорација и секој детски глас ја раскажуваше приказната за вредностите кои се негуваат уште од најмала возраст.
„Овие празнични денови покажуваат колку можеме кога сме обединети. Нашето Ѓорче Петров блеска со магијата на заедништвото, љубовта и искрените насмевки на сите генерации. Благодарен сум на секој поединец што придонесе да ја создадеме оваа прекрасна празнична приказна. Ве поканувам и во наредните денови да ја посетите нашата новогодишна елка која блесна во реонскиот парк и да ја споделите празничната магија со вашите најблиски“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
Македонија
(Видео) Божиќна честитка на скопскиот бискуп и на струмичко-скопскиот епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
„Овие денови голема е радоста во срцата на христијаните токму поради празникот Рождество на нашиот Господ Исус Христос – Божиќ, со кој Бог стана човек и влезе во човечката историја за да го помири човекот со Бога. Затоа Божиќ е надеж за човештвото. Сигурен сум дека сите сакаме да се помириме со Бога и да црпиме благодати од заедништвото со Него. Но не е доволно да се помириме само со Бога, туку и со ближниот. Впрочем тоа е повикот на празникот Рождество Христово – Божиќ, тоа е повикот на Јубилејната година, која ја започнуваме, не случајно на Бадник, со отворањето на Светата врата во базиликата Свети Петар во Ватикан“, кажа Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов.
„А смислата на Јубилејната година е да продолжи во текот на целата година помирувањето на човекот со Бога и ближниот. И уште еднаш само потврдуваме, како Бог преку Црквата излева благодат врз благодат на човештвото, кое е тешко рането и крвави од војни, сиромаштво, глад, нерамномерна распределба на богатствата и ресурсите. И токму тоа му е потребно, односно помирување.
А со помирувањето можеме во нас да ја искусиме вистинската Божја радост, но затоа е потребно да навлеземе во суштината на таинството на Божиќ и смислата на Јубилејната година. Тогаш ќе можеме да ја откриеме и надежта која нема да нè изневери за да можеме да бидеме ходочесници на надежта во овој свет, надеж за сите оние кои минуваат низ одредени тешки животни ситуации. Да бидеме знаци на надежта за целото општество, богатите земји да ги отпишат долговите на сиромашните, да се отстранат причините за неправдите и да се нахранат гладните. Да бидеме знаци на надежта за единство на Црквата и славењето на празниците на ист датум да не биде случајност, туку исполнување на Божјата волја: Да бидеме едно!
Радоста и простувањето се неразделни – само кога ќе простиме, ќе ја почувствуваме вистинската слобода, радост и надеж, кои Христос со своето раѓање ги донесе во светот.
Посакувам овој Божиќ и Јубилејната година да ни донесат изобилен Божји благослов и надеж во иднината, имајќи ја сигурноста дека за нас Бог стана човек и е со нас – Емануел. Христовото раѓање нека ни донесе мир и благослов во нашите домови и во нашите семејства!
Честит празник Рождество Христово – Божиќ. Христос се роди-Славете Го!“, се вели во божиќната честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов.