Македонија
Промовирани две нови мерки за зголемување на вработеноста

Субвенционирано вработување на корисници на социјална парична помош и Обука за работодавачи се двете ови мерки за зголемувае на вработноста што во неделата бе апретставени во Скопје.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше дека е објавен јавениот повик до невработените лица-корисници на социјална парична помош и до работодавачите за субвенционирано вработување на приматели на социјална помош .
„Износот на субвенцијата ќе изнесува 17.000 денари месечно за 6 месеци, од кои 14.000,00 денари бруто месечна плата по вработено лице и 3.000 денари месечно за рботодавачите за секој вработен во периодот од првите 6 месеци кои се наменети за покривање на трошоците за обука и материјали”, рече Спасов
Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати (пониски од добиената субвенција) во периодот од 6 месеци субвенционирано вработување и има обврска да ги задржи сите учесници во програмата дополнителни 6 месеци по истекот на 6-те месеци од периодот на субвенционираното вработување.Буџетот за оваа мерка изнесува 12.750.000 денари
Заинтерисираните невработени лица за овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат во работните клубови на 30-те Центри за вработување во РМ.
“Исто така би сакал да информирам дека со цел континуирано да им овозможиме на приватните компании обука за работни места за кои имаат потреба како и на невработените да учествуваат во програмите за обуки , континуирано е активен огласот за мерката обука кај познат работодавач. Оваа обука предвидува подготовката за вработување до трае до три месеци, согласно доставениот план за обука, со обврска работодавачот да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката,” рече Спасов
Висината на паричните средства за невработеното лице вклучено во подготовката изнесува 5.700,00 денари месечно, со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување како и 4080 денари парична помош за компанијата за подршка на обука и материјали.
“Во 2014 година планирано е да се опфатат 1000 невработени лица, дедека пак буџетот кој е планиран за реализација на оваа мерка изнесува 22.580.000 денари. Инаку за успешноста на самата мерка говори и бројката на постигнати вработувања изминатите години односно Од 2007 до 2013 година во Програмата за Обука кај познат работодавач учествувале 7.278 лица и се постигнати 6.591 вработувања,”нагласи Спасов.
Тој ги повикa корисниците на социјална парична помош да аплицираат да ја искористат можноста, да се вклучат во пазарот на трудот, да ги искористат своите способноси за да ја обезбедат својата животна егзистенција.
“Ги повикувам и фирмите да се вклучат во овие две мерки, пред се да ги искористат во подобрување на производниот процес и постигање на резултати во работата. На тој начин, го зацврстуваме партнерскиот однос во намалување на невработеноста со потврда на интересите на невработените, работодавците” истакна Спасов. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – започнува членувањето во СЕПА

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА.
Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година.
Се очекува и останатите осум деловни банки, кои најавија дека ќе поднесат барања во периодот од јуни до август оваа година, ќе бидат впишани во регистарот на ЕПС и ќе започнат со вршење на плаќањата во рамките на СЕПА до 6 октомври.
Да потсетиме, на 6 март 2025 година ЕПС го прифати барањето за членство коешто го достави Народната банка за нашата земја, со што станавме членка на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Со ова се овозможи приклучување на домашните банки во европските платежни шеми преку кои се извршуваат плаќањата во евра, во географски опсег од 41 земја членка.
Интеграцијата на банките од земјава во европскиот платежен екосистем носи бројни придобивки за граѓаните и за компаниите – пред сѐ побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични плаќања во евра, како и поголема економска поврзаност и активност.
Народната банка, како институција којшто ги координираше активностите за членство во СЕПА, останува целосно посветена на процесот на интеграција на банките и ќе продолжи редовно и навремено да ја информира јавноста за постигнатиот напредок.
Економија
Владата: Исплатени се субвенции на 70.000 земјоделци во вредност од повеќе од 9 милијарди денари

Исплатени над девет милијарди денари субвенции на над 70.000 земјоделци.
Владата соопшти дека се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство.
„За една година, Владата и МЗШВ успеа да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите. Промените се очигледни. Тие се случуваат. Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците“, велат од владината прес-служба.
Се додава дека оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години конечно имаат партнер.
Економија
Од полноќ поскап дизел

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,928 (денари/килограм)
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.6.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.