Македонија
Солидарност: Со законот за стечајците Владата прави привид дека го решава проблемот
Владата има пари да ги заштити стечајните работници и за нив на годишно ниво ќе треба да одвои по околу 13 милиони евра, а со тоа би го затворила овој проблем и би обезбедила еден нормален живот за овие луѓе без притоа да направи незамисливо оптоварување на државниот буџет, се вели во реакцијата до медиумите испратена од Левичарското движење „Солидарност“.
„За решавање на проблемот со старото девизно штедење државата одвојуваше годишно по 52 милиони евра од Буџетот цели 10 години. Вкупно, за тие 10 години од Буџетот на Република Македонија исплатени се 576 милиони евра што во споредба со 13 милиони евра колку што се потребни за згрижување на околу шест илјади стечајни работници, при поголем буџет, се далеку повеќе“, се истакнува во соопштението.
Левичарското движење „Солидарност“ прашува како е можно на државата да не и е проблем да издвојува по 52 милиони евра годишно, а 13 милиони евра годишно се проблем.
Од таму тврдат дека пари за стечајците има, но политичка воља за решавање на проблемот нема додавајќи дека се согласуваат со ставот на стечајците кои тврдат дека со новиот законот за материјално обештетување на стечајните работници нема да бидат опфатени три илјади стечајци колку што изнесува проценката на Владата и дека условите за стекнување паричен надомест се така дефинирани за да се стекне само привид дека се нуди решение за проблемот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

