Македонија
Претседателот Иванов во Белград ќе ги бодри ракометарите

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе им даде поддршка на македонските ракометари во дуелот со Полска на Европското ракометно првенство.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе им даде поддршка на македонските ракометари во дуелот со Полска на Европското ракометно првенство.
„Очекувам позитивен резултат. Син ми е задолжен за навивачките реквизити“, рече Иванов по денешната посета на фармацевтската компанија „Алкалоид“.
Претседателот Иванов најави дека престојот во Белград ќе го искористи и за средба со неговиот српски колега Борис Тадиќ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени, оцени на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече, на неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот.
„На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин. Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.
Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса.
Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода“.
Според Петрушевски, додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.
Чудна е, појаснува тој, поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира.
„Народот многу добро гледа СДС што прави, и за тоа следува казна на изборите“.
Македонија
На граничниот премин Богородица се чека 15-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица за излез од државата време на чекање изнесува 10-15 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Општина Ѓорче Петров: Пожарите локализирани без човечки жртви и со минимални штети

По серијата пожари што вчера зафатија неколку локации на територијата на општина Ѓорче Петров, утрово се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа разгледани настаните, беа утврдени предизвиците на терен и беа донесени конкретни заклучоци за унапредување на координацијата и реакцијата при идни интервенции.
Во услови на силен ветер и отежнати временски услови, благодарение на навремената интервенција и целосната ангажираност на сите служби, пожарите беа локализирани без човечки жртви и со минимални материјални штети, велат од Општината.
„Во текот на целиот ден бев на терен и лично сведочев на пожртвуваноста и за организираноста на сите служби, како и на храброста и солидарноста на нашите сограѓани. Ѓорче покажа дека знае да се справи кога е најтешко. Сите заедно, како едно“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
На состанокот на Кризниот штаб беа донесени мерки за: поефикасна координација помеѓу институциите, побрза мобилизација на ресурси на терен, јасна комуникација и редовна проверка на потенцијално ризични подрачја.
Градоначалникот Стојкоски упати благодарност до Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, како и до поединци и жители на општината, кои доброволно се вклучија со сопствена механизација и помош во гаснењето на огнот.
„Општина Ѓорче Петров останува целосно мобилизирана и будно ја следи состојбата на терен, со јасна определба за брза, навремена и сеопфатна заштита на граѓаните и јавните добра“.