Контакт

Вести

Извори: Турција и Израел договориле нормализација на односите

Објавено пред

Турција и Израел договориле нормализација на односите на состанокот во Рим, изјавил во неделата вечерта неименуван израелски функционер за израелските новинари кои ја следат посетата на премиерот Бенјамин Нетанјаху на италијанската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Официјалната објава на обновувањето на целосните односи меѓу Израел и Турција се очекува во понеделникот, по три години преговори кои ги поттикнуваа САД за да се заврши непријатната долга криза во односите меѓу двата стратешки партнери на Вашингтон во регионот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата делегација допатуваа во Рим каде ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери. Официјалното соопштение за изралеско-турскиот договор за помирување ќе биде објавен во понеделник околу пладне, а турскиот премиер Бинали Јилдримир за тоа ќе извести во 13 часот по локално време во Анкара, изјавил за турските медиуми, официјален турски извор.

Турција и Израел минатата седмица најавија дека се близу надвладувањето на шестгодишниот политички спор. Всушност, дипломатските односи меѓу двете земји не се прекинати, туку се спуштени на најниското ниво, со повлекување на амбасадорите и замрзнувањето на порано тесната воена соработка.

Ваквата ситуација настапи по загинувањето на десетте турски државјани кои на бродот „Мави Мармарa“ се обидоа на 31-ви мај 2010 година да ја пробијат израелската блокада на Појасот Газа во рамките на хуманитарната Флотила на слободата од шест брода, кои настрадаат во судир со израелските командоси кои се качија на бродот во обид да го пренасочат неговото пловење.

Тоа ја поттикна дипломатската криза меѓу Израел и неговиот единствен муслимански сојузник Турција и дотогаш стратешките односи сериозно се влошија. Турција го протера израелскиот амбасадор и ја замрзна воената соработка меѓу двете земји по извештајот на Обединетите нации за инцидентот објавен во септември 2011 година, кој Израел во добра мера го ослободува од целосната вина.

Турското министерство за надворешни работи засега не дава коментар на овие информации, на барање на агенцијата Reuters.

Наводите за содржината на договорот не сакале да ги коментираат ниту од израелското министерство за надворешни работи по барање на порталот Ynet.

Анкара постави три услова за нормализација на односите: јавно извинување, финансиска отштета за семејствата на жртвите и укинување на израелската блокада на Појасот Газа. Израел досега јавно одбиваше да исплати оштетата. За Израел клучно ограничувањето на активностите на Хамас.

Во согласност со договорот за нормализација на односите Израел би дозволил градење болница, нови електрични централи и погодни за вода за пиење во Газа. Турција би испратила помош во Газа, но не директно, туку преку израелските пристаништата и гранични премини каде што и претходно се проверуваа товарите наменети за палестинската енклава.

Турција ќе продолжи да одржува контакти со исламистичкот палестинско движење Хамас, во обидот на постигне траен мир во регионот, изјави турскиот шеф на дипломатијата минатата седмица додавајќи дека тие средби не се пречка за нормализација на односите со Израел.

Нормализацијата на односите би овозможило обновување на одржувањата на заедничките воени вежби, а можат да се покренат и проектите за вложувања во одбраната и енергетиката, пишува уште весникот.

Некогаш силното израелско-турско сојузништво постапно беше загрозувано од доаѓањето на власт на исламистичката конзервативна Партија на правдата и развојот (AKP) на сегашниот претседател Реџеп Тајип Ердоган од 2002 година, достигнувајќи го најниското ниво вовреме на инцидентот со бродот во 2010 година.

Напорите за помирување на двете земји, вклучително и телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Нетанјаху во 2013 година, на кој посредуваше американскиот претседател Барак Обама, допрва треба да доведат до конечен договор за обновувањето на целосните дипломатски односи.

Соработката меѓу Израел и Турција, којашто граничи со Сирија, Ирак и Иран, долго беше клучниот елемент на американската политика на Блискиот исток. Со појавувањето на џихадистичката Исламската држава и компликуваните односи со Иран, овие односи одново имаат голема важност за Вашингтон, кој се смета всушност за изворот на ваквите зачестени наводи околу израелско-труските односи во последните денови, по тензиите меѓу Русија и Турција поради уривањето на рускиот авион.

Имено, како и што тврдел за Reuters неименуван извор минатата седмица, токму поради нарушените руско-турски односи, Анкара изразила нов интерес за природниот гас од Израел. Наводно, според договорот постигнат во Швајцарија, двете земји треба да отворат разговори за можноста за изградба на гасовод преку кој Турција би се снабдувала со гас. Меѓутоа, коментаторите велат дека тоа е во перспектива, а на Анкара гасот ѝ е потребен што поскоро и многу./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Топ1 час

(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин

Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен...

Свет2 часа

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што...

Свет2 часа

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира....

Македонија3 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија3 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет5 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет5 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет5 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа5 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија13 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет17 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет18 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...