Контакт

Македонија

Започна изградбата на магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино

Објавено пред

Изградбата на магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино, во должина од 36 километри, инвестиција вредна 16 милиони евра, почна да се гради во вторник, а треба да заврши кон крајот на следната година.

dobivaj vesti na viber

Изведувач на градежните работи е македонски конзорциум предводен од кумановски „Рапид билд“ заедно со уште четири компании – „Ел-Те“, „Сектартермо“, „Чакар партнер“ и „Квалитет пром“.Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип чија изградба во должина од 61 километар заврши минатиот месец, а беа инвестирани 75 милиони долари.„Реализацијата на овој проект ќе значи дополнително олеснување во работата на индустриските капацитети, на компаниите во нашата држава, бидејќи со гасификацијата директно се придонесува за подобрување на условите за производство поради поевтиниот енергенс што само по себе ќе продуцира и подобрување на конкурентноста и извозот на нашите производи во странство. Таквите процеси ќе овозможат нов развој на домашната економија, развој како на постоечките, така и на нови компании во различни индустриски гранки и ќе создадат нови работни места во нашата држава“, истакна премиерот Емил Димитриев.Според него, со гасификацијата на земјата, ќе се обезбеди поголема заштита на природната средина.Премиерот уште додаде дека до 2019 година се планира да бидат изградени 265 километри од гасоводниот систем во чии рамки во следниот период се планира изградба на шест нови делници и тоа Штип – Радовиш – Струмица – Гевгелија, Штип – Кочани – Виница, Штип – Свети Николе – Велес, Струмица – Ново Село, Гостивар – Кичево и Кичево – Охрид – Струга – Ќафасан. /крај/со/ст

Економија

„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики

Објавено пред

Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.

dobivaj vesti na viber

Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.

Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.

Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Објавено пред

Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.

dobivaj vesti na viber

Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.

Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.

„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Грин Машинс на БРАКО на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија

Објавено пред

Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.

Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.

Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет5 часа

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија6 часа

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија7 часа

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија10 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија11 часа

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа12 часа

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија12 часа

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје13 часа

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија13 часа

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа14 часа

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа15 часа

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа16 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет16 часа

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија1 ден

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија1 ден

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија1 ден

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија1 ден

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија1 ден

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија1 ден

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...