Црна хроника
Се запали влез во зграда во Прилеп, испукала инсталацијата

Пожар избувнал ноќта кон четвртокот, кусо по полноќ во зграда во центарот на Прилеп на улица „Браќа Ламески“, откако од непознати причини почнала да пука инсталацијата во влезот.
Станарите, како што јавува прилепскиот портал Шеталиште, веднаш се качиле на горните катови и исплашени чекале помош на терасите и покривот од зградата, при што пожарникарите со скали ги симнуваа од задниот дел.Интервенцијата била отежната бидејќи во влезот се уште имало струја, па пожарникарите не можеле да реагираат. Интервенирале веднаш штом екипи на ЕВН ја исклучиле струјата.Активирани беа речиси сите пожарникари со три возила, како и три возила на Итната медицинска помош, кои им помагаа на луѓето кои беа евакуирани, а на некои им била укажана лекарска помош поради дишењето на чадот.Повредени нема, направена е материјална штета. Полицијата излезе на местото на несреќата и ги утврдува причините за несреќата./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.