Црна хроника
Запленети над 400.000 петарди во Скопје
Запленети над 400.000 разни петарди коишто се продавале на Бит пазар, во центарот на Скопје и кај Железничката станица, соопшти МВР.
Во вторникот во акција на полицијата биле запленети 350.000 парчиња разновидни пиротехнички средства од две импровизирани тезги на Бит пазар. Битолчани продавале петарди кај Железничката станица во Скопје, а двајца Скопјани ги нуделе петардите во центарот на градот.Според статистичките податоци, во текот на изминатите 11 месеци на 2014 година по кривична постапка запленети се 221.908 парчиња петарди како и 4.558 ракети и 1.770 огномети, а по основ на прекршочна постапка – 10.841 или севкупно над 230.000 парчиња петарди. Кривично се пријавени 35 лица за 34 кривични дела од областа на недозволена трговија каде има заплена на петарди. Најмногу од бројката запленети пиротехнички средства се во Скопје -149.596 парчиња петарди, 914 ракети и 1671 огномети.Минатата година во ваквите полициски активности по кривична постапка беа запленети 111.404 парчиња петарди и 57 ракети, а по прекршочна постапка 17.998 парчиња петарди, а притоа кривично се пријавени 33 лица за 32 кривични дела од областа на недозволена трговија. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

