Контакт

Вести

Сириска опозиција: Транзицијата може да почне само со заминување или смрт на Асад

Објавено пред

– Мохамед Алуш

dobivaj vesti na viber

Преговарачот на сунитската вооружена опозиција во Сирија, која ја поддржуваат Западот и сунитските земји од регионот, Мохамед Алуш изјави во саботата вечерта дека политичката транзиција на оваа блискоисточна земја може да започне дури тогаш кога алависткиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад повеќе нема да биде на чело на земјата, што и намалува шансите за постигнување договор, имајќи предвид дека владата во Дамаск е истрајна дека иднината на Асад не е предмет на преговорите во Женева.

Преговарачот на сунитската вооружена опозиција во Сирија, која ја поддржуваат Западот и сунитските земји од регионот, Мохамед Алуш изјави во саботата вечерта дека политичката транзиција на оваа блискоисточна земја може да започне дури тогаш кога алависткиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад повеќе нема да биде на чело на земјата, што и намалува шансите за постигнување договор, имајќи предвид дека владата во Дамаск е истрајна дека иднината на Асад не е предмет на преговорите во Женева.

„Сметаме дека периодот на транзиција започнува со падот на Башар ал-Асад или со неговата смрт. Нема можноста тој период да го почнеме со тој режим или додека челникот на тој режим е на власт“, изјави Мохамед Алуш за новинарите во Женева, каде во понеделник треба да започнат индиректните преговори за Сирија, пренесува AFP.

Ја нарече „безвредна“ изјавата на сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем дека за судбината на Асад владата нема намера со никого да разговара,

Валид Муалем во саботата изјави дека за судбината на сирискиот претседател Башар ал-Асад, владата во Дамаск нема намера да разговара со никого, како и дека за опозицијата е подобро, доколку тоа прашање да го отвори на преговорите во понеделник во Женева, воопшто и да не доаѓа таму.

Два дена пред одржувањето на индиректните меѓусириски преговори под покровителство на Обединетите нации во Женева, сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем, истата порака му ја упатил и на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.

„Нема да разговараме со никого кој зборува за позицијата на претседателот. Башар ал-Асад е ‘црвената линија’, сопственост на сирискиот народ“, изјави Муалем на прес-конференцијата во Дамаск повикувајќи ги „оние кои мислат тоа прашање да го постават“ веднаш да се откажат од тоа./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Европа2 часа

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет2 часа

Маск го критикуваше начинот на кој функционира Европската унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...

Македонија11 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија19 часа

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија20 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија21 час

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија22 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија22 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија1 ден

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа1 ден

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет1 ден

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет1 ден

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет1 ден

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет1 ден

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија2 дена

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија2 дена

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија2 дена

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...