Регион
Карамарко и Петров ќе бидат вицепремиери во новата хрватска влада

Лидерите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Независната листа Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров потврдиле дека е договорено да бидат вицепремиери во новата хрватска влада, која ќе биде предводена од непартискиот премиер Тихомир Орешковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Лидерите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Независната листа Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров потврдиле дека е договорено да бидат вицепремиери во новата хрватска влада, која ќе биде предводена од непартискиот премиер Тихомир Орешковиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Карамарко изјавил дека ќе биде или заменик премиер или, пак, прв потпретседател со овластувања на заменик.
„Тоа е поддршка која новиот мандатар мора да ја има од нас двајца, кои го сочинуваме парламентарното мнозинство. Дефинитивно, стабилноста е важна“, рекол Карамарко.
Мост на состанокот со ХДЗ се согласил за намалување на бројот на министерствата и повторил дека за оваа партија важни се министерствата за внатрешни работи и правосудство, додека, пак, Карамарко изјавил дека околу ова ќе се разговара во претстојниот период./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.