Црна хроника
Пукање во струшко Велешта, еден повреден

Жител на струшкото село Велешта е повреден во пукање што се случило ноќеска, неколку минути по полноќ во селото, соопшти СВР Охрид.
Инцидентот се случил кога триесет и шестгодишниопт жител се враќал дома. Откако го паркирал автомобилот покрај својот дом, забележал дека на неколку метри од куќата има паркирано возило „Ровер“.„Од „роверот“ излегле две непознати лица, од кои едното веднаш испукало повеќе куршуми, по што и двајцата го напуштиле местото“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Повредениот бил пренесен во струшката болница каде биле констатирани повеќе огнено стрелни рани, по што врз него била извршена хируршка интервенција која траела неколку часа. Повредениот во моментов се наоѓа во стабилна состојба .На лице место извршен е увид, при што се подигнати повеќе предмети меѓу кои осум чаури, еден проектил и дел од проектил. Се работи на расчистување на случајот. /крај/ох
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.