Македонија
Зврлевски призна дека обвинителството е неефикасно
Студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“, поточно младите кривичари, го прашаа јавниот обвинител Марко Зврлевски зошто смета дека Специјалното јавно обвинителство е неуставно, а тој рече дека тоа е така, и дека некој одлучил дека Јавното обвинителство е неефикасно, па затоа го формирале СЈО.
На научната расправа освен Зврлевски, гости се и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, обвинителката Лидија Раичевиќ-Вучкова и професорот по казнено право Никола Тупанчевски.
Зврлевски додаде дека ќе ја поддржуваат работата на СЈО и се надеваат на резултати од него, но вели дека обвинителството за таа работа немало капацитет, ниту ресурси.
„Не сѐ што се донесува како одлука или закон во Собрание е уставно, затоа постои Уставен суд. За СЈО беше политичка одлука на четирите најголеми партии, но тоа може да даде резултати“, рече Зврлевски.
Студентите го прашаа Зврлевски дали смета дека треба да си даде морална оставка.
„Сите знaеме зoштo беше фoрмирaнo СЈО, иaкo веќе имa Јавно обвинителство кoе не пoстaпувaше пo предметите зa прислушување? Дaли сметaте декa требaше бaрем мoрaлнa oстaвкa дa си дaдете?“, го праша обвинителот Зврлевски една студентка.
„Тoa декa не рaботиме нa тие предмети зa кoи интерес имaше еднa политичка партија не е тoчнo. Ние имaме и други предмети нa кoи рaбoтиме. Нaшите oбвинители рaбoтaт нa случaи сo терoризaм, тргoвијa сo луѓе, дрогa и сличнo. Нaшите oбвинители oдaт сo пaнцири нa рaбoтa. А, за прислушувaњетo имaвме oтвoренo 35 предмети. И тврдaм декa тoa беше грешкa. Зaтoa штo не мoжеш врз oснoвa нa нештo незaкoнскo дa фoрмирaте зaкoнски предмет“, рече Зврлевски, а за оставката рече дека aкo држaвaтa е незадоволна oд негoвaтa рaбoтa мoже дa гo смени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

