Црна хроника
Приведен Зоран Верушевски, директор на некогашната ДБК

Директорот на некогашната Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК), Зоран Верушевски приведен е во петокот доцна вечерта, под сомнение дека нелегално поседувал оружје, за детска порнографија и други кривични дела.
Информацијата ја објави телевизија Алфа, а полицијата за во сабота најави повеќе детали.
Според неофоцијални информации, извршени се претреси во становите на Верушевски во Скопје и во Струга и му бил заппленет неговиот компјутер.
Верушевски, по приведувањето, веднаш е однесен пред истражен судија и јавен обвинител.
Разузнавачот Верушевски во времето на владеењето на СДСМ важеше за еден од главните луѓе од доверба на тогашниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски.
Во 2006 година Зоран Верушевски беше именуван за „советник одговорен за безбедносни прашања“ во македонската амбасада во Рим.
Верушевски имаше проблем со однесувањето на неговиот син, Александар, против кого имаше неколку кривични пријави за нелегално поседување на оружје, за нарушување на јавниот ред и мир, за крадење на службеното возило на неговиот татко, за обид за убиство, за изнуда, газење човек со автомобил…
Тој беше осуден на две години затвор, но Црвенковски, како претседател на државата донесе одлуката за неговото помилување. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.