Контакт

Вести

Тед Круз со победата во Вајоминг ја намалува предноста на Трамп

Објавено пред

Кандидатот за претседателската номинација на Републиканската партија на ноемвриските претседателски избори во САД, Тед Круз, ги доби сите 14 делегати од сојузната држава Вајоминг, продолжувајќи да ја намалува разликата зад водечкиот кандидат за републиканската номинација Доналд Трамп кој и претерано не се трудеше да победи во оваа рурална држава.

dobivaj vesti na viber

Сенаторот од сојузната држава Тексас, Тед Круз, се обидува да го спречи милијардерот Доналд Трамп да добие 1.237 делегати, колку што се неопходни за да се обезбеди номинацијата кај Републиканската партија на конвенцијата која ќе се одржи во јули во Кливленд. Продолжувајќи со победите во малите држава, Круз му се доближи на Трамп, кој досега не се посветуваше на кампањите на локално ниво која е потребна за да се придобијат делегатите.

Иако Трамп победи во 21 држава а Круз во 10, милијардерот има само 196 делегати повеќе, односно 755 наспроти 559, од тексашкиот сенатор. Тоа значи дека мора да освои речиси 60 отсто од преостанатите пред партиската конвенција. Но Курз смета на тоа дека Трамп нема да може да ја добие номинацијата во првиот круг од гласањето, и во следните рунди од гласањето, користејќи го правото делегатите да го променат мислењето и да гласаат за друг.

Во државата Вајоминг, инаку, не се одржуваат предизбори. Наместо тоа, 475 партиски активисти се сретнаа во саботата во Каспер и одржаа конвенција на кој на Круз му ги доделија 14-те делегати.

Круз во Вајиминг, држава која произведува најмногу јаглен во САД, одржа говор за локалните прашања, Говореше за нападот на демократите на фосилните горива, велејќи дека претседателот Барак Обама се обидел да ја исфрли индустријата на јагленот од пазарот преку законите за загадувањето на воздухот. „Америка е Саудиска Арабија на јагленот и ќе ја развиваме својата индустрија“, порача Круз.

Трамп истовремено одржа говор на собир во Сиракуза, пред републиканските избори кои ќе се одржат во државата Њујорк во вторник./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија8 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија8 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија13 часа

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија14 часа

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ15 часа

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија16 часа

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ17 часа

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...

Македонија18 часа

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено...

Македонија19 часа

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини...

Македонија1 ден

Помал одѕив на вториот бојкот на маркетите, прометот опаднал за 22 отсто наспроти 46,59 отсто минатиот петок

Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22, 12 отсто пад на прометот во осумте...

Македонија1 ден

Левица во Корча, Албанија: Остро се спротивставуваме на агресивната и бескурпулозна дипломатска офанзива на Бугарија во Албанија

На денешната средба одржана во Горица / Корча (Албанија), организирана од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичката партија Левица...

Македонија1 ден

Со извикување „Правда за Фросина“, „Секој еден може да е следен“ огромна колона граѓани маршираше за Фросина во Неготино

Огромна колона револтирани граѓани денес во Неготино излегоа на протестен марш за смртно прегазената Фросина Кулакова. Извикуваа „Правда за Фросина“,...

Топ1 ден

Ѝ кажал дека внукот прегазил дете и ѝ зел 5000 евра за да не оди в затвор, лажен полицаец измамил 91-годишна скопјанка

91-годишна скопјанка вчера во полиција пријавила дека била измамена за 5.000 евра од лажен полицаец кој ѝ побарал пари за...

Топ1 ден

Полицијата откри малолетници кои се забавуваат во кафулиња во Охрид по полноќ, пријави ќе добијат газдите

Ноќеска охридската полиција направи акциска контрола за откривање малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време во повеќе угостителски објекти...

Топ2 дена

Фатен бегалец баран со потерница за кражба

Вчера во 12.00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле С.М.(47) од Кичево, кој бил баран по...

Регион2 дена

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде...

Македонија2 дена

Таткото на Фросина до родителите на Васил: „Изразувате сочувство по 9 дена, немате вистинско каење, создадовте убиец“

По вчерашната прес-конференција на која родителите на возачот Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина Кулакова изјазија сочувство за загубата,...

Македонија2 дена

Автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми најдени во куќа во село Ложани

Струшкото обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела...