Свет
Мемоарите на Доналд Рамсфилд во продажба од јануари
Самиот наслов на книгата „Знаев и незнаев“, навестува детaли кои пред се однесуваат на периодот пред, по и за време на американската војна интервенција во Ирак и објаснувањето кое Рамсфилд го дал во 2002 година за недостатоците на докази дека во Багдад помагаат терористи, пренесува АП.
Самиот наслов на книгата „Знаев и незнаев“, навестува детaли кои пред се однесуваат на периодот пред, по и за време на американската војна интервенција во Ирак и објаснувањето кое Рамсфилд го дал во 2002 година за недостатоците на докази дека во Багдад помагаат терористи, пренесува АП.
„Извештаите кои покажуваат дека нешто не се случило отсекогаш биле интересни, како што знаеме, постојат познати факти, и факти за кои знаеме да знаеме. Постојат и познати непознати факти, односnо оние за кои знаеме дека ни се непознати. Но, постојат и непознати факти, за кои не знаеме дека не ни се познати“, рече поранешниот соработник на Буш кога беше прашан за доказите за терористичките планови во Ирак.
Од издавачката куќа „Сентинел“ велат дека во своите мемоари Рамсфилд, кој денеска има 78 години, пишува за своето детство и политичка кариера од која се повлече во 2006 година кога републиканците на изборите за изгубија контролата врз Конгресот.Во мемоарите читателите можат да очекуваат и неколку пикантни детали во односите на Рамсфилд со другите американски политичари како што е поранешниот потпретседател Дик Чејни./крај/ап/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
„Црн мраз“ ја парализира Германија: повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта
Патиштата во јужна Германија беа покриени со мраз. Само во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на земјата се регистрирани повеќе од 260 сообраќајни несреќи, во кои две лица загинаа, а неколку се повредени.
Поради мразот, летовите од аеродромот во Штутгарт мораа да се пренасочат, а училиштата беа затворени на некои места.
Има исклучително тенок слој мраз низ кој се гледа асфалтот, а возачите тешко го забележуваат, поради што го нарекуваат и „црн мраз“. Германската полиција предупредува на замрзнати патишта и ги советува возачите да возат бавно и предвидливо и да не запираат нагло.
Најмалку две лица загинаа утрово во Баварија. Еден човек загина откако неговиот автомобил се судри со камион на А92 во јужна Баварија, додека друга смртност беше пријавена на А3 во близина на Регенсбург.
Неколку делови од автопатиштата се затворени поради временските услови, пренесува Tagesschau. Според Дојче Бан, нема прекини во железничкиот сообраќај.
Наставата е откажана во некои училишта во Баварија, додека во Саксонија на пешаците, велосипедистите и возачите им се советува да бидат внимателни и доколку е можно да ги избегнуваат главните патишта.
Утринава ледените услови го парализираа авиосообраќајот на аеродромот во Штутгарт, каде што мораа да ја исчистат пистата. Имаше и големи доцнења. Причина се опасните временски услови кои веќе неколку дена доаѓаат од север и носат дожд и студ.
Свет
Израелски министер се закани со оставка: Овој договор е опасен
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич упати „суптилна“ закана дека ќе поднесе оставка доколку биде принуден да ги прифати условите од договорот за прекин на огнот со Хамас во замена за заложници, јавува Си-Ен-Ен.
„Договорот што ќе и биде претставен на владата е лош и опасен за националната безбедност на Државата Израел. Ние се спротивставуваме на договорот со сите сили“, рече екстремно десничарскиот политичар, кој изјавата ја даде во име на неговата Религиозна Ционистичка партија, која се противи на какви било отстапки за Хамас.
Тој додаде дека е јасен условот таа партија да остане во Владата.
„Јасен услов е да бидеме апсолутно сигурни дека ќе се вратиме во војната со голема сила, во полна мера и во нова конфигурација, додека не постигнеме целосна победа, а тоа е уништување на терористичката организација Хамас и враќање на сите киднапирани луѓе во нивните домови“, рече Смотрич.