Контакт

Вести

Хашкиот суд пресуди против Кина за Јужното Кинеско Море

Објавено пред

Меѓународниот Арбитражен суд во холандски Хаг не најде основа за територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море во рамките на ткн „деветопунктната линија“, носејќи така одлука во позла на Филипини, се наведува во соопштението на судот објавено во вторникот, пренесуваат агенциите.
 

dobivaj vesti na viber

Меѓународниот Арбитражен суд во холандски Хаг не најде основа за територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море во рамките на ткн „деветопунктната линија“, носејќи така одлука во позла на Филипини, се наведува во соопштението на судот објавено во вторникот, пренесуваат агенциите.

 

Постојаниот арбитражен суд смета дека не постојат докази дека Кина низ историјата имала ексклузивна контрола над водите во Јужното Кинеско Море и ресурсите. Според одлуката на судот Пекинг не може да претендира на ексклузивната економска зона во областа на архипелагот Спартли.

Пекинг полага право на сувереноста над речиси целото Јужно Кинеско Море, отфрлајќи ги тврдењата дека право на негови делови полагаат и Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи, кои ја имаат поддршката на САД и Јапонија, којашто исто така се спори со Кина околу мал ненаселен архипелаг во истите води. Американските сојузници, исто така, полагаат право на овие води низ кои се одвива светската поморска трговија која годишно се одвива трговија во износ од пет билиони долари.

Судот во Хаг одлучил дека Кина го прекршила суверенитетот на Филипини, како и дека прави „голема штета на околните корални гребени“ градејќи вештачки острови.

„Биејќи комисијата нема јуриздикција, нивната одлука природно е ништовна и неважечка“, смета Кина којашто не го признава Постојаниот арбитражниот суд. Пекинг претходно објави дека нема да ја признае одлуката на овој суд, и најави реакција за подоцна во вторникот.

Филипини ја поздравија одлуката на Постојаниот арбитражен суд, но повикаа на „воздржаност и трезвеност“, додека Кина повтори преку дипломатијата дека „не ја признава и не ја прифаќа“ таа одлука.

Американскиот дипломатски, воени и разузнавачки функционери истакнаа дека кинеската реакција на одлуката на судот значително ќе влијае на одговорот на другите држави, како и на самите САД.

Доколку, на пример, кинеското вооружување во таа област забрза или ескалира, САД и другите држави нема да имаат избор, и ќе мора да одговорат со нови и поголеми меѓународни мисии за слобода на поморскиот и воздушниот простор, изјави анонимен американски функционер.

САД и Кина често одржуваат воени вежби во спомнатата област, и меѓусебно се обвинуваат за нејзина милитаризација. Откако американски бродови и авиони демонстративно навлегуваа изминатиот период во регионот, Пекинг во петокот започна големи воени вежби во областа со боева муниција. „Вежбата е насочена на операција на воздушната контрола, поморски битки и војна против подморници“, беше истакнато на интернет страницата на кинеското министерство за одбрана.Кон крајот на март минатата година филипинската влада ја обвини Кина дека сака „да го контролира речиси целото Јужното Кинеско Море“, кое е јазол на многу важни поморски правци во светската трговија вредна стотици милијарди долари, а постојат сомневања дека поседува и големи резерви од нафта, гас и други минерали.

Со одлуката Арбитражниот суд од Холандија од 30-ти октомври 2015 година коага се прогласи за надлежен за судење за територијалните правила кои го покренаа во јануари 2013 годна Филипини против Кина за спорните области во Јужното Кинеско Море, со оваа одлука што се толкува како правен пораз за Кина, Постојаниот арбитражен суд во Хаг го отфрли тврдењето на Пекинг дека станува збор за спор околу неговата територијална сувереност, и соопшти дека ќе одржи дополнителни рочишта за да одлучи за вредноста на доказите коишто ги поднесе Филипини. Кина ја бојкотираше постапката и ја отфрли релевантноста и меродавноста на судот во овој случај.

Судот во Хаг утврдил дека е меродавен да ги сослуша седумте поднесоци на Филипини според Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето (UNCLOS), како и дека одлуката на Кина да не учествува „не го лишува судот од надлежноста“.

Дипломатските тензии се зголемија кога во ноември 2013 година Кина ја прогласи „зоната на идентификација на воздушната одбрана“ на голем дел од Источното Кинеско Море, чии граници ги опфаќаат не само водите од спорниот мал ненаселен архипелаг под јапонска контрола, туку и простор од Јужна Кореја. Кина полага право и речиси на целото Јужно Кинеско Море, па и на негови делови кои се многу оддалечени од кинескиот брег. Според аналитичарите, кинеската воена морнарица го јакне притисокот во врска со малите острови коишто американскиот сојузник Филипини ги сметаат за своја територија.

Американскиот Стејт департмент го предупреди Пекинг дека обидите за прогласување зона на идентификација на воздушната одбрана и во Јужното кинеско море ќе ја сметаат за „провокативен и едностран чин кој ќе ги зголеми тензиите“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија се создадоа водени површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија1 час

(Фото) Откриени повеќе обиди за криумчарење: запленети фотоапарати, М-ТАГ апарати, цигари, дрога, автоделови, облека и фалсификувана стока

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,...

Македонија2 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија2 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејствија, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија3 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија3 часа

Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион4 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа4 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: бројни населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион5 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет5 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион6 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија16 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија18 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион19 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија19 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија20 часа

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот упати сериозни критики за...

Македонија23 часа

Ќе се гласа на 11 јануари: Гаши го потпиша актот за одржување на повторените избори за градоначалници во четирите општини

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за одржување на локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште...