Контакт

Вести

Сандерс и Мишел Обама ја поддржа Клинтон

Објавено пред

Гувернерот од сојузната држава Вермонт, Берни Сандерс, ги повика Американците за нова претседателка да ја изберат Хилари Клинтон, и покрај јасните негодувања на неговите приврзаници, која треба да ја прифати номинацијата во четвртокот, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Противкандидатот на Хилари Клинтон, Берни Сандерс доживеа триминутни овации кога излезе на сцената на демократската конвенција во Филаделфија, но и свирежи од добар дел од аудиториумот кога ги повика своите следбеници да гласаат за Клинтон. „Хилари мора да стане идната претседателка на САД“, рече Сандерс.

Приврзаниците на Сандерс негодува секој пат кога тој ќе ја споменеше Хилари Клинтон, Кога во завршниот говор ги повика да ја поддржат неговата до неодамнешна ривалка, неговите следбеници во воздух подигнаа плакати со неговото име и го скандираа неговото име.

Сандерс го критикуваше републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, велејќи дека тој е „опасен за иднината на земјата“ и порачувајќи дека „мора да биде поразен“. Меѓутоа, значителна група од аудиториумот со свирежи на негодување реагираше кога ја изговори реченицата „Хилари Клинтон мора да биде избрана“.

„Браќа и сестри, живееме во стварен свет. Трамп е насилник и демагог“, рече Сандерс. На тоа се слушнаа гласни повици „И Хилари исто така“,„Таа ги украде изборите“, извикуваа од публиката во арената „Wells Fargo“ во предградие на Филаделфија.

Некои од приврзаниците на Сандер плачеа а некои ги залепуваа своите усти на кои пишуваше „неми“,

„Додека Доналд Трамп ги навредува групите една по друга, Хилари разбира дека нашата различност е нашата најголема сила“, истакна Сандерс. „Доколку мислите дека овие избори не се важни, дека би требало да останете дома, размислите за тоа кого Доналд Трамп сака да кандидира за врховни судии и што би значело тоа за граѓанските слободи, права и за иднината на земјата“, додаде.

Првата дама Мишел Обама, исто така, предизвика одушевување поради говорот во кој го критикуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

„Немојте никому да дозволите да ви зборува дека оваа земја повеќе не е голема, дека треба повторно да биде направена голема“, рече Мишел Обама алудирајќи на слоганот на Доналд Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“. „Бидејќи таа, токму сега, е најголемата земја на светот“, истакна сопругата на актуелниот американски претседател Барак Обама.

Првата дама на САД ја истакна важноста на Хилари Клинтон која „непоколебливо се бори настојувајќи да го разбие стаклениот плафон“, мислејќи на невидливите пречки за напредување на жените во американскиот општествен живот. „Благодарејќи на Хилари Клинтон, моите ќерки и сите наши деца отсега сметаат дека е нормално една жена да стане претседател на САД“, заклучи Мишел Обама.

Демократската партија е потресена од објавата на повеќе од 19.000 електронски пораки на Националниот комитет на Демократската партија (DNC), главното управно партиско тело, во петокот на WikiLeaks, во кои се открива дека од членовите на овој комитет кои треба да бидат неутрални, се барало да дадат поддршка за Клинтон и да изнаоѓаат начини и преку медиумите да го дискредитираат Сандерс, на што и овој самиот се жалеше.

Тоа беше причина претседателката на DNC, Деби Васерман-Шулц во неделата вечерта да објави специјална изјава во која ја објави својата намера да ја напушти функцијата по партиската конвенција.

Околу 50.000 луѓе, меѓу кои 5.000 партиски делегати, се очекуваат на четиридневната конвенција на демократите која завршува во четврток кога Хилари Клинтон и официјално ќе ја прифати партиската номинација за претседателски кандидат.

Испитувањето на јавното мнение кое го објави CNN/ORC во понеделникот покажува дека Доналд Трамп има водство од три процентни поени пред Хилари Клинтон./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија11 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија12 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ14 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет15 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија16 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија16 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ17 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа17 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет17 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет19 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет19 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа19 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија20 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија20 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...