Регион
Два земјотреси регистрирани во Турција
Два земјотреси со јачина од 5,2 и 4,7 степени по Рихтеровата скала се регистрирани во Турција во четврток вечер.
Нема податоци за повредени или причинета материјална штета.
Земјотресот со јачина од 5,2 степени е регистриран во Средоземното море во близина на познатото летувалиште Анталија во југозападниот дел на Турција. Епицентарот бил на длабочина од 25 километри, а се почувствувал во Анталија, Кемер, Кумлуџа и Финикли.
Другиот земјотрес е регистриран во Егејското море во провинцијата Чанакале на северозападот на Турција.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Граѓаните на протестен марш во Загреб: „Нападот врз вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент“
Бројни граѓани учествуваа на протестниот марш „За безбедно училиште“, кој започна во 18 часот во Загреб, за да укаже на важноста на безбедноста во училиштата по трагичниот настан што се случи во петокот во основното училиште Пречко.
Како што информираат регионалните медиуми, најавен е и собир и палење свеќи пред сите училишта во Хрватска. Тие ги повикаа сите да им се придружат – родители, наставници, граѓани.
„Сакаме да бидеме светлина на општеството, а не да носиме свеќи“, „Кога една мајка плаче, сите мајки плачат“, „Учителка – храброст“, „Се ни земавте, децата нема да ви ги дадеме “, „Напад на вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент!“, „Удобни фотелји – крвави училишни клупи“, беа дел од транспарентите што ги носеа дел од учесниците.
Организатори се три образовни синдикати – Хрватскиот наставнички синдикат, Препород и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта, кои потенцираат дека безбедноста во училиштата е заедничка цел и дека е неопходно да се подигне, а маршот го поддржаа и 50 здруженија и мрежи.
Повод беше трагичниот настан кој се случи на 20 декември, кога деветнаесетгодишник влегол во основното училиште Пречко и со нож нападнал наставничка и неколку ученици. Во нападот загина едно дете, а ранети се три деца и наставничката.
„Ако нешто може да ја подигне оваа нација, тоа е голема неволја. Сите кои сочувствуваат со жртвите ќе бидат со нас вечерва. Сакаме да испратиме порака дека овој проблем мора да се реши“, изјави Жељко Стипиќ, претседател на Самостојниот синдикат на науката и високото образование за „Индекс“.
Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро
Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.
Регион
Брнабиќ: Следната година носи многу предизвици за Србија и регионот, целта е влез во ЕУ
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, денеска, на отворањето на амбасадорската конференција во Белград рече дека следната година ќе донесе многу предизвици за Србија и регионот.
Според неа, главната надворешнополитичка цел на Србија е да стане дел од европското семејство, односно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во Европската Унија.
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, постави цел да се завршат сите внатрешни реформи до крајот на 2026 година, а во тоа важна улога има парламентот. Ова е предизвикот пред нас, во кој ние мора да ги зачуваме нашите национални интереси, Србија го избра српскиот пат, кој секако е најтежок, но претставува најдобра опција за нашите граѓани“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија, покрај европскиот пат, се стреми да ги зајакне односите со своите традиционални пријатели и да создаде посилни врски со земјите што ќе бидат клучни за иднината.
„Пред сè, мислам на африканскиот континент. Соработката со сите земји во светот е наш приоритет бидејќи тоа ќе донесе придобивки за сите наши бизнисмени, земјоделци и целата нација“, рече Брнабиќ.