Вести
Меркел и Обама за забрзани преговори за TTIP
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/P-H20160424000466.jpg)
Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Барак Оама се заложија во неделата вечерта Хановер за забрзува на процесот на преговорите за Трансатлантскиот трговски договор и инвестициско партнерство (Transatlantic Trade and Investment Partnership – TTIP) меѓу Европската унија со САД и за јакнење на односите меѓу Берлин и Вашингтон.
„Ние тие односи мораме уште повеќе да ги продлабочиме за да ја обезбедиме нашата благосостојба и конкурентноста на глобалниот пазар“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел. Таа уште еднаш ја изрази потребата од што побрзи и поинтензивни преговори околу TTIP.
„TTIP е добар за американката економија, за германската но и за европската економија. И кога ќе видам колку веќе напредувале преговорите околу договорот, можам само да кажам дека мораме да се собереме и да поитаме“, рече Меркел.
Таа својот однос со американскиот претседател Барак Обама, кому ова му е петта и најверојатно последна посета на Германија во неговите два мандата, го опиша како „топол, близок и исполнет со доверба“.
Обама, исто така, го пофали својот однос со Меркел којашто ја нарече „најважниот период и најважниот пријател“ во текот на неговиот претседателски мандат. Ја пофали, исто така, и политиката на германската канцеларка во однос на бегалската криза.
„Ангела Меркел е на вистинската страна од историјата“, изјави Обама. Фактот дека Меркел на својата функција ќе остане подолго отколку тој на неговата ја коментираше со „Среќен сум што Ангела уште ќе биде овде, бидејќи светот од тоа ќе профитира“. Заклучи дека „ќе ѝ се восхитува на Ангела Меркел“ и како обичен граѓанин.
Во врска со TTIP, Обама јасно порача дека откако ќе заврши неговиот мандат, претседателските избори во САД се на почетокот од ноември а новиот станар на Белата куќа ќе биде инаугуриран во јануари, ќе биде многу тешко да се спроведуваат преговорите. „Затоа велам: да ги довршиме овие преговори уште оваа година“, порача Обама.
Претходно двајцата челници заеднички ги отворија влијателниот „Hannover Messe 2016“ влијателниот меѓународниот саем на индустриската технологија на кој САД се првпат земја партнер.
Обама во текот на својата дводневна посета во понеделникот ќе одржи говор на крајот од разгледувањето на саемот. Попладнето во Хановер треба да допатуваат и челниците на Франција, Италија и Велика Британија, Франсоа Оланд, Матео Ренци и Дејвид Камерон, кои заедно со со Меркел и Обама, треба да разговараат за актуелните политички кризи во Сирија и Украина./крај/мф/сн
Извор: Hina/DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.