Регион
Вучиќ не сака апсење на Шешељ ‘на препад’
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека неговата влада нема обвинетиот за воени злосторства пред Хашкиот трибунал Воислав Шешељ да го апси набрзина и дека Белград уште ја чека официјалната порака од Хаг челникот на Српската радикална партија (СРС) да биде вратен во притворот во Шевенинген.
„Владата на Србија никого нема да апси на препад… Тоа нема да се случи., Ќе чекаме прво да видиме што Апелациониот совет заклучил, да видиме што тие, пред сé, бараат од нас“, изјави премиерот Александар Вучиќ за медиумите по седницата на претседателството на неговата Српска напредна партија (СНС) чиј претседател е.
На новинарското прашање како државата ќе се однесува кон Воислав Шешељ, Вучиќ изјави дека „работа и обврска на државата Србија е да води сметка за секој свој граѓанин, па и за Шешељ“.
„Се сеќавате дека тие го спакуваа и ни го испратија. Прво бараа да го шпионираме, да видиме каде ќе јаде, спие…“, рече Вучиќ, тврдејќи дека Хаг со пуштањето на Шешељ. „всушност само ѝ зададе проблеми на Србија“.
Шешељ беше пуштен на привремена слобода ланскиот ноември поради неговата здравствена состојба, односно поради карцином, но за него како обвинет за злосторства сторени во периодот на распадот на поранешна СФРЈ не беа прецизно одредени специјални барања.
„Сега ќе видиме што е тоа новото што го бараат од нас“, рече Вучиќ и ја повтори оцената дека целата на Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства Шешељ привремено да биде вратен во притворот е уривање на српската влада, на СНС и на нејзиниот рејтинг.
„И покрај тоа, Србија ќе го стори она што е во нејзина моќ да ја зачува целата политичка и економска стабилноста“, порача Вучиќ, тврдејќи дека е изненаден од налог да се отповика одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

