Македонија
Поради изборите се одложува пријавата за социјална помош
Постапката за обнова на правата од социјална и детска заштита за 2016 година, наместо во вообичаениот термин – ноември, годинава заради изборните активности ќе започне во втората половина на декември поточно на 19.12.2016 година и ќе трае до 27.01.2017 година, информира министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.
„Заради фактот што во ноември оваа година се концентрирани најголемиот дел од активностите на политичките партии поврзани со претстојните парламентарни избори во декември, на 13 октомври до директорите на сите центри за социјални работи доставив задолжителна писмена инструкција со детални насоки за спроведување на постапката за обнова на правата за 2016 година, која оваа година ќе започне на 19.12.2016 година и ќе трае до 27.01.2017 година. И ние и јавноста знае дека, најголемиот број на злоупотреби и манипулации со лицата во социјален ризик и корисниците на социјална помош се прават токму пред и за време на изборниот период”, рече министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.
Таа потенцираше дека заради заштита на граѓаните и нивните права од секаков вид на лажни ветувања, заплашувања, уцени и партиски агитации се оценило дека обновата на правата најдобро е да се изврши по завршување на изборите во декември во предвидениот рок.
„За министерство и за мене како министер е најважно да знаат дека, секое доаѓање на службено лице од Центар за социјални работи во Вашиот дом кое задолжително мора да Ви се претстави со име и со презиме и кажување дека, доаѓа да Ве евидентира како корисници, заради обнова на правото на социјална парична помош, право на нега од друго лице, да Ви ветува еднократна парична помош или други права кои не се по Ваше барање дадено во центарот, е спротивно на правилата за постапување во овој период и е казниво со закон. За таа цел, сакам да го знаете телефонскиот број на Центарот за пријавување на корупција на Министерството за труд и социјална политика 15 133 на кој можете и треба да ги пријавите сите притисоци, закани и несоодветни постапувања на службени лица од министерството и од центрите за социјални работи”, рече Ташевска-Ременски.
При тоа таа ги повика корисниците да не дозволуваат никој да си поигрува со нивните права и вети дека тие никогаш повеќе нема да зависат од волјата на ниту една политичка партија или нејзин припадник.
Во контекст на ова министерката Ташевкса-Ременски информираше дека на 27 октомври до директорите на Центрите за социјална работа, како одговорни лица, и до сите вработени во Центрите доставила писмени наредби дека имаат законска должност и обврска за: почитување и задолжително евидентирање на работното време; забрана за користење на материјално-технички средства на јавната установа во приватни и други цели; забрана за учество на партиски и други манифестации во работно време; забрана за претставување како службено лица од јавната установа при вршење работи/активности кои не се службени работи, а се спроведуваат надвор од работното место и надвор од работното време; забрана за извршување на партиски активности за време на работа, под оправдание за службен пат, увид или друг вид на службена задача; забрана за злоупотреба на боледување; забрана за употреба/злоупотреба на личните податоци на корисници во неслужбени цели.
„Постапувајќи по оваа наредба, до денес доставивме 15 писмени опомени до директори на Центрите за социјална работа и повеќе усни укажувања кои се однесуваат на вработени во центри, затоа што веќе се евидентирани повеќе од горенаведените забранети активности во делот на: собирање на документација за право на нега од друго лице, ветувања за еднократна парична помош и други права, користење на лични податоци на корисници на социјална помош за партиски цели, партиски активности во работно време и злоупотреба на боледувања. За сите евидентира злоупотреби и поднесени пријави кон сите вклучени службени лица веќе се преземат соодветни мерки”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јелиќ и Кајмакоски се разделиле околу два по полноќ пред клубот кадешто настапиле, потоа пејачот бил киднапиран
Пејачот Даниел Кајмакоски синоќа беше киднапиран на улицата Караѓорѓева во Белград, а драмата се случила пред клубот во кој настапувал. Нешто малку пред киднапирањето, со него бил Алекса Јелиќ, кој сега се огласи за „Блиц“.
Како што раскажа, вечерта била вообичаена и тие двајцата се разделиле по настапот.
„Настапувавме, но немам никакви информации, освен она што и вие го имате. Важно е дека човекот е жив, здрав, дека е како што треба. Тоа е најважно, а останатото не можам да го коментирам“ рече Алекса Јелиќ, а на прашањето дали се слушнале, додаде: „Не, се разделивме синоќа меѓу еден и пол и два часот и оттогаш не успеавме да се слушнеме“ наведе тој за „Блиц“.
Претодно со официјален допис се огласи Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски. Таа рече дека утрово разговарала со него по ноќта помината во полициска станица. Потврди дека пејачот бил киднапиран синоќа во близина на „Бетон хала“ во Белград и сега е дома, но потребен му е мир.
Според досегашните информации, киднаперите се движеле во правец кон Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да го запре возилото. Во обид да избегаат, тие удриле во банкина, излегле од автомобилот и побегнале. Даниел бил пронајден врзан, а потоа поминал неколку часа во полициска станица, давајќи искази за настанот.
Српските медуими во текот на денот објавија и видео од полициската потера, а разговараа и за мајката на Кајмакоски, која изјави дека е во шок.
Македонија
(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година
Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за нов договор меѓу Владата и синдикатите УПОЗ и САДУ, за кој Мицкоски оцени дека претставува историски момент, бидејќи, како што рече, никогаш досега немало толку јасен и временски прецизиран план за усогласување на платите и нивно достоинствено ниво.
„Ова е поширок пакет кој ќе ги опфати вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата – вкупно околу 11.000 луѓе. Договорот има рок до 2028 година и претставува целосна регулација на односите меѓу Владата и вработените во овие институции“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
Мицкоски најави дека паралелно ќе се работи и на нов општ колективен договор, во соработка со репрезентативните синдикати ССМ и КСС.
Македонија
Нелегален објект на аеродромот Стенковец, Николоски соопшти дека ќе бара конфискација
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека ќе почне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
„Во координација со повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на аеродромот Стенковец – ќе се започне постапка за конфискација на објектот кој е целосно нелегално изграден на државно земјиште“, објави Николоски на својот фејсбук профил.
Тој информира дека ќе биде побарано од Обвинителството и Судот објектот да се одземе во корист на државата, со намера да се стави во функција на Агенцијата за цивилно воздухопловство – за обука на пилоти и други потреби поврзани со воздухопловниот сектор.
Николоски нагласи дека Министерството за транспорт, како институција надлежна за објекти од прва категорија како аеродроми, болници, универзитети, спортски сали и стадиони, „сериозно пристапува кон решавање на проблемот со нелегално изградени објекти“.
„Ова е јасна порака дека нема да се толерира нелегална градба на места каде што Министерството и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, заклучи вицепремиерот.

