Регион
Koha ditore: Американскиот обвинител Вилијамсон во понеделник во Приштина

Приштинскиот весник Koha ditore објавил дека американскиот обвинител Клинт Вилијамсон во понеделник ќе пристигне на Косово, непосредно пред објавување на резултатите од тврдењата во извештајот на Дик Марти.
Косовскиот весник пишува дека во Приштина било потврдено оти косовскиот премиер во заминување, Хашим Тачи го очекува Вилијамсон во понеделник, додека од Брисел не го потврдиле ова.
„Не можам да го потврдам плановите за идните патувања на амбасадорот Вилијамсон, но без никакво сомневање можам да го негирам секое тврдења дека нашите наоди ќе ги претставиме на начин на кој вие сугерирате“, изјавил за Koha ditore, портпаролот на Оперативната група, Жоао Соса, запрашан за тоа дали тие ќе ги запознаат косовските власти со своите наоди.
Истрагата во случајот со трговијата на органи, за која се претпоставува дека била направена од Ослободителната војска на Косово (ОВК) на најмалку две локации во Албанија – во Бурел и Фуш Круја, започнала во 2011 година.
Во април годинава Косово конечно ја усвои резолуцијата за основањето на Специјалниот суд, а резолуцијата и претходеа многу дискусии меѓу косовската претседателка Атифете Јахјага и шефицата на ЕУ за надворешни работи, Кетрин Ештон.
Вилијамсон, кој од почетокот раководи со Специјалната единица за истрагата на случаевите споменати во извештајот на Дик Марти за организиран криминал и трговија со органи, би требало во август да го заврши мандатот, откако претходно ќе ги соопшти резултати од истрагата која траеше три години.
Koha ditore претходно пренесе дека дипломатите во Брисел, во очекување на резултатите од истрагата, не веруваат дека на Косово ќе има негативни реакции, дури ни во случај ако се покренат обвиненија против некои значајни политички фигури./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.