Контакт

Црна хроника

Обвинетиот за убиството на Ангел не се чувствува виновен, осуден условнo за кражбата на велосипедот

Објавено пред

Обвинетиот за убиството што се случи во мај минатата година во скопската населба Ѓорче Петров, Насер Е. не се чувствува виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски.

dobivaj vesti na viber

Се изјасни виновен за кражбата на неговиот велосипед и за ова дело судот го осуди условно една година затвор, доколку во рок од три години не изврши кривично дело. Обвинителството го товари деветнаесетгодишниот Насер Е. од село Грчец дека од дворот на куќата на семејството Петковски во Ѓорче Петров го украл велосипедот на Ангел, а потоа со нож го прободел матурантот. Според обвинителството, вистинското прашање во овој случај е сопственоста на имотните добра и реакцијата при одземање на овие добра.Обвинителството ќе ја докажува вината на тинејџерот, а одбраната на обвинетиот ќе докажува дека убиството го извршил во нужна одбрана, со намалена пресметливост и во состојба на афект. Според адвокатот на Насер Е., Ангел Ѓорѓиев, правото на нужна одбрана ја исклучува кривичната одговорност, а исто така побарале ново психијатриско вештачење од Клиниката за психијатрија во Скопје.Пред судот сведочеа родителите на убиениот матурант, а мајката Благица Петковска низ солзи раскажуваше како и се јавиле и и кажале дека нејзиниот син е прободен. Таткото на Ангел, Сашо Петковски беше со него за време на кобниот момент кога деветнаесетгодишниот обвинет го прободе Ангел пред неговите очи. Но, ножот со којшто беше извршено убиството, сè до денеска не е најден. Таткото, исто како и обвинителството, тврдеше дека тие немале никакво оружје кај нив и дека воопшто физички не го нападнале обвинетиот. Трагичниот настан се случи на 19 мај минатата година, во попладневните часови. Според таткото на Ангел, тој и неговиот син тоа попладне седеле од задната страна на нивниот двор, кога го виделе обвинетиот како го краде велосипедот.  Му викнале, но тој молскавично избегал со велосипедот. Го зеле автомобилот и тргнале да го бараат велосипедот кон железниот мост на реката Вардар. Според кажувањата на таткото, тргнале да го бараат крадецот бидејќи ова било четврти пат како им крадат велосипеди од нивната семејна куќа. „Знаеме дека сите украдени велосипеди и мотоцикли ги носат преку мостот. Тоа го знае цела населба Ѓорче Петров“, рече таткото.  Со возилото застанале пред Европската очна болница и се упатиле кон насипот на реката Вардар. Кога го здогледале обвинетиот, Ангел му рекол на таткото „Тато ова е тој што го украде велосипедот“. Кога таткото тргнал кон него, Насер извадил нож и го прободел Ангел. Ангел паднал на патеката на насипот, а Сашо барал предмет за да го оттргне напаѓачот од синот. Ангел му рекол на таткото „Тато овој ме прободе со нож“ и се обидувал да стане. Обвинетиот замавнал уште еднаш да го прободи, но таткото го удрил со дрвен стап што го нашол на местото по слепоочницата. Обвинетиот избегал со ножот во рацете, а таткото го однел Ангел пред очната болница каде се обидувал да го спаси, а по десет минути излегол и персоналот од болницата, но не успеале да го спасат момчето.Се очекува и обвинетиот да ја каже својата верзија за тоа како се случило убиството. По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа, па имаше и повредени и приведени.Иако за судењето имаше голем интерес од јавноста, сепак судењето се одржа во мала судница во Основниот суд 1 и немаше доволно места ниту за членови на семејствата. /крај/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете

Објавено пред

Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод.

dobivaj vesti na viber

Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, 41-годишната кичевчанка загинала на самото место на настанот.

Лекар од медицинската помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е пренесено на обдукција.

Во несреќата телесни повреди здобиле и тројца сопатници во возилото: С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите жители на Кичево. Повредените лица се преземени во Општата болница во Прилеп. Нивната здравствена состојба во моментов не е позната.

На местото на пристигнала увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Гостиварец наседнал на лажна порака за пратка од „Пошта“, му украле 26.000 денари од картичката

Објавено пред

Од

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 26.000 денари.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет.

Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на лажната веб страница и набргу потоа од неговата сметка биле извршени пет трансакции кон различни субјекти, без негова согласност, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Уште еден гостиварец беше измамен на истиот начин минатата недела. Како што тогаш објави „Макфакс“ 34-годишен жител на Гостивар останал без 89 илјади денари, откако добил СМС порака со известување и линк за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“. Кога влегол на лажна веб-страница и ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции и биле повлечени вкупно 89.106 денари, кои завршиле кај примач во странство.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не внесуваат лични и банкарски податоци на сомнителни линкови.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Камион падна во провалија кај Крива Паланка, возачот загина

Објавено пред

Од

Рано утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

фото/илустрација/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Трамп: Лоша е ситуацијата, но нема да имаме Трета светска војна

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес на Светскиот економски форум во Давос изјави дека голем број земји склучиле...

Македонија4 часа

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија6 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија6 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија7 часа

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија8 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ9 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија10 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија10 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија10 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија11 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет12 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет13 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа13 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија13 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија1 ден

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија1 ден

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија1 ден

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...