Општество
Тепачка во кривичниот суд, интервенираше полицијата
Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, доцна попладнето во вторникот се случи тежок инцидент кој бил разрешен откако дошла полицијата.
На инцидентот му претходела нервозна и крајно тензична дискусија која била во насока на жестоки напади од вработените кон претседателот на судот Владимир Панчевски.
Во една таква атмосфера, вработена во судот на висок тон побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон вработената за која се зборува дека е во блиски односи со Панчевски, кој повикал полициска асистенција.
За инцидентот било известено и Јавното обвинителство во кое претседател е Марко Зврлевски, но оттаму им било одговорено дека не можат ништо да преземат, односно дека сé ќе се заврши со прекршочна пријава.
Владимир Панчевски сé уште не се произнесува за настанот, а извори од кривичниот суд велат дека веќе в четврток Панчевски ќе го посети и Трудовата инспекција.
Судиите од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, имено, бараат заштита од претседателот Владимир Панчевски, но и негово санкционитрање
Петицијата која повеќе од една седмица се потпишуваше од судии од Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а на која свој потпис ставија 15-ина судии-кривичари заврши во вторникот во Судскиот совет.
Потпишаните судии отворено му се спротиставуваат на претседателот на скопска „единица“, Владимир Панчевски, на неговиот начин на работење, поточно на пресметката којашто тој ја води со колегите. Судиите сметаат дека Панчевски не смее да ја злоупотребува позицијата за лични цели, и затоа е донесена одлука случајот на Панчевски да го преиспита Судскиот совет и Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување одговорност за судија.
Во дописот испратен до Судскиот совет, судиите го наведуваат името на судијата Иван Џолев, кој, пак, пред десетина дена поднесе кривична пријава против Панчевски поради негово наводно влијание при донесување одлука, а се споменуваат и крајно нарушените односи кои владеат во судот.
Судиите-кривичари не само што бараат заштита од Панечвски, туку бараат против него да биде поведена постапка.
Како што неофицијално се дознава во судот е настанат и нов проблем којшто директно ги засега и стручните соработници, бидејќи на некои од нив им била одредена норма од 400 предмети месечно. Според истите сознанија Панчевски одлучил да ги повикува поединечно на разговор стручните соработници./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

