Контакт

Македонија

НБРМ: Забавува економскиот раст

Објавено пред

Расположливите високофреквентни податоци за економската активност за вториот квартал од годината навестуваат продолжување на економскиот раст, но со забавена динамика во однос на првото тримесечје.

dobivaj vesti na viber

Остварувањата во економијата од почетокот на годината досега се послаби од очекувањата, што заедно со ризиците од надворешното окружување и домашните политички случувања, упатуваат на надолни ризици за проекцијата на БДП за 2016 година.Во однос на инфлацијата, просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени и натаму е во негативната зона, при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст. Инфлациските остварувања засега упатуваат на пониска инфлација од проектираната, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината и понатаму се поврзани со променливоста на очекувањата за промените на светските цени на енергијата и храната. Комитетот за оперативна монетарна политика при НБРМ одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво од 22.000 милиони денари, со непроменета каматна стапка од 4%. Во последниот период се присутни знаци на стабилизирање на очекувањата, видливи преку отсуството на притисоци на девизниот пазар и интервенции на НБРМ со откуп на девизи, како и раст во штедењето на населението во банкарскиот систем, при што последните податоци покажуваат зголемување на склоноста за штедење во домашна валута. Се оценува дека солидноста на  економските фундаменти останува позитивна.  Во јули, на девизниот пазар, во услови на сезонски раст на понудата на девизи од менувачи и истовремен пад на побарувачката на девизи од фирмите, банките на нето-основа остварија откуп на девизи во трансакциите со клиенти. Во трансакциите со физички лица, движењата, со натамошно намалување на побарувачката и истовремен раст на понудата на девизи, што придонесе банките да остварат релативно висок нето-откуп со овие клиенти. Поволните движења во трансакциите со клиенти придонесоа за подобрување на девизната ликвидност на банките, што доведе до зголемена понуда на девизи на меѓубанкарскиот девизен пазар. Во такви околности, од 25 јули Народната банка секојдневно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи, при што заклучно со 8 август се откупени вкупно 48,3 милиони евра. Интервенциите на Народната банка на девизниот пазар придонесоа за подобрување на денарската ликвидност на банкарскиот систем. Во такви околности и во насока на ефикасно управување со ликвидноста, банките ги зголемија пласманите во расположливи депозити кај Народната банкаНајновите податоци за девизните резерви за јули, покажуваат висок раст на девизните резерви, при што главен фактор за растот во овој период се трансакциите за сметка на државата, заради издадената евро-обврзница, а во помал дел и девизните депозити на домашните банки кај НБРМ, како и интервенциите на НБРМ на девизниот пазар, коишто во текот на јули беа во насока на нето-откуп на девизи. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие во континуитет се движат во сигурната зона. однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци покажуваат дефицит во тековната сметка, нешто поголем од очекуваниот и финансиски текови во согласност со очекувањата. Притоа битно е да се нагласи дека движењата на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, се поволни, при раст на нето-откупот на девизи во текот на јуни и јули. Воедно, досегашните остварувања кај директните инвестиции се солидни и подобри од очекуваните. Сигнали за видливо стабилизирање на очекувањата на економските субјекти се забележуваат и преку промените кај депозитната база на банките. Јунските податоци за депозитите покажаа значително забавување на падот на вкупниот депозитен потенцијал, при истовремен благ раст на штедењето на населението. Прелиминарните податоци за јули упатуваат на повисоко ниво на вкупната депозитна база, споредено со претходниот месец, во целост како резултат на солидниот раст на депозитите на населението. Притоа, во овој месец присутна е поголема склоност на населението за штедење во денари, наспроти располагањето со странска валута. Ваквото однесување покажува значително подобрување на перцепциите на субјектите, а делумно може да е реакција на поместувањата во каматната политика на банките. Имено, во јуни за првпат по подолг временски период, се забележува проширување на распонот помеѓу каматата на депозитите на населението во денари и депозитите во девизи, што е конзистентно на досега преземените монетарни мерки. Во однос на проекциите, нивото на депозитите во јули е пониско од проектираното.Во однос на кредитниот пазар, првичните податоци за јули покажуваат мало намалување на новите кредитни текови, при пад на кредитите на корпоративниот сектор и натамошно  зголемување на кредитирањето на населението. Ова приспособување во кредитирањето, следува по солидниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор во јуни (со исклучување на ефектот од регулаторните промени[1]) и не е невообичаено за овој период од годината. Резултатите од последната Анкета за кредитната активност за вториот квартал упатуваат на натамошно олеснување на вкупните кредитни услови и кај двата сектора, при умерено нето-намалување на побарувачката на корпоративни и станбени кредити. Кредитната активност засега е во склад на проекцијата, но со оглед на послабите остварувања кај депозитниот потенцијал и присутната неизвесност, постојат ризици околу динамиката на кредитната активност во следниот период.На меѓународните финансиски пазари, по првичната реакција од донесената одлука за излез на Обединето Кралство од ЕУ, движењата постепено се стабилизираа. Индикаторите за деловните очекувања упатуваат на ограничени ефекти на краток рок од Брегзит врз економската активност во евро-зоната, којашто во вториот квартал умерено забави во однос на претходниот квартал. Објавените стрес-тестови на европскиот банкарски систем покажаа солидна капитализираност на банките, што создава простор за натамошна кредитна поддршка на приватниот сектор во следниот период. Во САД, позитивните движења на пазарот на труд продолжија и во јули, но американската економија регистрира послаб раст во однос на очекувањата за вториот квартал, што услови намалени пазарни очекувања за раст на каматните стапки до крајот на годината. Економските и финансиските услови, како и оцената на присутните ризици покажуваат дека постојната монетарна поставеност е соодветна. По преземените мерки од страна на НБРМ на почетокот на мај, последните податоци покажуваат значително стабилизирање на движењата, коешто се очекува да продолжи и  во наредниот период. Сепак, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со глобалното окружување е сѐ уште присутна и дополнително нагласена по гласањето на Обединетото Кралство за излез од Европската Унија. НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели. /крај/со/ст

Економија

Од полноќ повисока цената на бензинот и дизелот

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29% во однос на одлуката од 3.11.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%

Од 11.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.

Прикажи повеќе...

Економија

Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Објавено пред

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски.

dobivaj vesti na viber

Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници кои не го извршиле плаќањето на пријавениот даночен долг. Редовноста во исполнувањето на обврските е знак на одговорност и доверба, вредности што заеднички го градат системот во кој сите учествуваме и веруваме.

Управата за јавни приходи веќе достави персонализирани известувања до сите обврзници со пријавен, а ненаплатен долг за соодветниот даночен период.

Во тек е спроведување на активности и мерки во координација со сметководителите и обврзниците, со цел да се избегнат блокади на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Важно е да се внимава на роковите, бидејќи за секој ден на задоцнување се пресметува камата во износ од 0,03% од преостанатиот долг, како и изрекување на дополнителни глоби. Оттука, потсетуваме на обврската за точно, целосно и навремено плаќање на поднесените ДДВ-04 пријави. По доставата на опомените, Управата ќе пристапи кон присилна наплата кај сите обврзници кои нема да го подмират долгот доброволно. УЈП апелира до сите засегнати обврзници да постапат одговорно и навремено, со цел да се обезбеди стабилна даночна историја и да се избегнат непотребни последици. За дополнителна помош и поддршка, даночните обврзници и сметководителите можат да се обратат преку е-пошта на [email protected] или телефонски на 0800 33 000 (од фиксен) и 02 3253 200 (од мобилен). Вашата дисциплина денес е вашата предност утре.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ 22 години дел од водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

Објавено пред

35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical Ingredients).

dobivaj vesti na viber

Под мотото „Во срцето на фармацевтската индустрија“, CPhI се одржува од 28 до 30 октомври во Франкфурт, Германија, а тимот на „Алкалоид“ и оваа година има репрезентативно и современо саемско претставување, преку кое недвосмислено ја пренесува компаниската парола Здравјето пред сѐ!

„За ’Алкалоид’ CPhI претставува стратешка глобална платформа за следење на најновите научни и технолошки достигнувања во фармацевтската индустрија. Како компанија, уште во раните 2000-ти години ги препознавме можностите што ги нуди овој глобален собир како во делот на вмрежувањето и градењето партнерства така и во поглед на следењето на клучните трансформации и иновации во рамките на генеричката фармацевтска индустрија. За ’Алкалоид’ CPhI овозможува директен увид во најновите трендови и технологии – од вештачката интелигенција и одржливите производствени практики до нови молекули, формулации и решенија за оптимизација на глобалниот синџир на снабдување.

CPhI е единствена можност за средби со постојни и потенцијални партнери – производители, добавувачи, регулаторни консултанти и истражувачки центри – со што се поттикнува создавањето нови синергии и партнерства“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Како водечка светска платформа што ги поврзува фармацевтските професионалци, годинава CPhI во Франкфурт собра повеќе од 62.000 посетители и над 2.400 изложувачи од целиот свет. Во текот на своето три и пол децениско постоење, CPhI прерасна во најголемата меѓународна фармацевтска заедница, која обединува стотина илјади експерти и компании што активно придонесуваат кон развојот и напредокот на глобалниот синџир на динамичната фармацевтска индустрија.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, да ги објави сите фирми со долг,...

Македонија15 минути

„Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку“, истражување на Центарот за граѓански комуникации за јавните набавки во здравствениот сектор од 2015 до 2024 година

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за јавните набавки во здравствениот сектор во периодот од 2015 до 2024 година....

Топ1 час

Расчистен случај со лажна сообраќајка во Битола, уапсени две лица

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено...

Европа2 часа

Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските...

Свет2 часа

(Видео) Силна експлозија на автомобил во главниот град на Индија, најмалку 10 мртви

Силна експлозија на автомобил-бомба потресе прометна област на индискиот главен град вчера, при што загинаа најмалку 10 лица, а десетици...

Европа3 часа

(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта

Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на...

Свет4 часа

(Видео) Трамп се закани на Би-би-си со тужба од 1 милијарда долари: ќе ја повлече ако ги исполнат неговите три барања

Британската јавна радио-телевизија е во длабока криза откако беше откриено дека говорот на Доналд Трамп бил измамнички монтиран во документарец...

Свет4 часа

Американскиот Сенат ги одобри мерките потребни за прекин на најдолгата блокада на владата

Во понеделникот, Сенатот ги одобри потребните мерки за прекинување на најдолгото затворање на владата на САД во историјата, кое траеше...

Свет4 часа

Сирија се приклучува на меѓународната коалиција против Исламска држава

Сирија ќе се приклучи на меѓународната коалиција против Исламска држава (ИСИС) предводена од САД, изјави во понеделник американски функционер под...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија14 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија19 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија21 час

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ22 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија22 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија22 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија23 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија1 ден

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет1 ден

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет1 ден

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...