Контакт

Вести

Путин и во Париз ја обвини Турција дека го штити шверцувањето на нафта на IS

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот навечер во Париз ги повтори обвинувањата против Турција дека со уривањето на рускиот борбен авион сакала да ги заштити испораките на нафта украдена во Сирија и Ирак кои екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) ги испраќа во Турција и преку нив ги финансира своите терористички активности, што турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган решително го негираше понудувајќи оставка доколку тоа обвинение се покаже точно.

dobivaj vesti na viber

Обвиненијата рускиот претседател Владимир Путин ги повтори откако Москва поради инцидентот воведува економски санкции за Анкара, откако турските ловци минатиот вторник соборија руски бомбардер во близина на сириско-турската граница, при што турската страна тврди дека рускиот авион навлегол во турскиот воздушен простор, додека руската дека тој бил соборен над сириска територија. Русија очигледно од овој инцидент се почувствува силно изневерена од Турција, што предизвика сериозна криза во односите на земјите кои до пред две седмици беа најтесни партнери со милионски договори.

„Имаме многу причини да веруваме дека одлуката за уривање на нашиот авион е мотивирана од желбата да се заштитат трасите по коишто нафтата се испраќање во Турција, во прв ред во пристаништата во кои се товари во танкери“, изјави Путин на прес-конференцијата на маргините од самитот COP21 во Париз.

Путин додаде дека нафтата, која ја произведува Исламската држава во постројките на нафтоносните полиња или ја зароби во рафинериите кои се под негова контрола во Сирија или во Ирак е еден од главните извори на финансирањето на џихадистичката групација, „во големи количества, комерцијално е испраќања во Турција“.

„Заштитата на Туркмените (сириски државјани со турско етничко чувство кои живеат во областа во која се урна рускиот бомбардер кои се борат против сирискиот претседател Башар ал-Асад -з.р.) е само изговор“, смета Путин.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, во Париз одлучно ги отфрли овие обвинувања „Доколку (обвинувањата на Путин) се докажат, ќе си заминам од должноста, бидејќи тоа ми го налага чувањето на честа на мојата земја“, изјави Ердоган во понеделникот вечерта, пренесе агенцијата Anadolu и притоа праша „дали Путин ќе остане“ на должноста, доколку не ја докаже вината на Турција.

Ердоган тврди дека Турција своите енергетски потреби ги задоволува по „легален пат“ „Не сме нечесни толку за да влегуваме во каква и да е трговија со терористичките групи. Сите тоа мора да го знаат“, рече турскиот претседател.

„Американското министерство за финанси објави дека еден од оние кои купувале од Исламската држава е државјанина н Русија и на Сирија. Првин нека одговори на тоа“, порача Ердоган и додаде дека Турција „се бори со оние кои се занимаваат со шверцот на нафта“..

Во врска на односите со Русија, турскиот претседател рече дека Анкара не „очекува прекин на врските“ со Москва. „Ние не сме племенски држави. Ќе дејствуваме трпеливо. Да видиме што тие ќе преземат, и тогаш и самите ќе дејствуваме“, рече Ердоган.

Путин, пак, претходно одговарајќи на прашања на новинарите одговори дека на самитот на Г20 во Анталија на своите партнери им презентирал „фотографии направени од височина 5.000 метри од нашите пилоти“. „Возила со нафта се наредени во еден синџир кој се протега далеку во хоризонтот. Тоа изгледа како жив нафтовод“, рече Путин, пренесе агенцијата ТАСС.

Потсетувајќи дека во врска со тоа „постои специјална резолуција на Советот за безбедност на ОН, којашто го забранува директното купување нафта од терористите“, Путин пред новинарите порача дека „во тие буриња, кои ги пренесуваат, нема само нафта, туку и крвта на нашите граѓани, бидејќи со тие пари терористите купуваат оружје, експлозиви,а потоа извршуваат крвави акции, како со нашиот авион над Синај, и во Париз, и во други градови и земји во светот“.

„Доколку таму турските власти ја преработуваат нафтата, ја уништуваат, ние не го гледаме чадот од уништувањето на таа нафта“, сликовито се изрази рускиот челник.

Агенцијата AFP наведува дека тензиите меѓу Москва и Анкара сериозно го доведуваат во прашање предлогот на францускиот претседател Франсоа Оланд за создавање на единствена коалиција во Сирија против Исламската држава, што го изнесе во четвртокот вечерта во Кремљ, откако ден претходно во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Барак Обама.

„Секогаш ќе се залагаме за предлогот за широка коалиција, но во тоа нема да успееме сé додека некои во остварувањето на своите краткорочни политички интереси ги употребуваат терористичките групи“, оцени Путин во понеделникот вечерта во Париз/

Американскиот претседател Барак Обама на париската конференција повика на „смирување на ситуацијата“ меѓу Москва и Анкара, на средбата со рускиот челник зад затворени врати, изјави за Reuters неименуван висок функционер на Белата куќа.

И генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун повика на „смирување“, истакнувајќи дека заштитата на воздушниот простор е „суверено право на Турција“, но без да навлегува во детали за инцидентот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој предмалку ја соопшти одлуката на прес-конференција во Обвинителството. Коцевскирече...

Македонија22 минути

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ22 минути

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија24 минути

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија36 минути

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет2 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа3 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет4 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет5 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет5 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет5 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа5 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија15 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет16 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет18 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет19 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет1 ден

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...