Црна хроника
Откриен крадец на моторцикл преку безбедносни камери

Одделението за имотни деликти – Отсек за моторни возила до Обвинителство со кривична пријава го предаде лицето К.Љ.(23) поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „Тешка кражба“, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од околу 360.000,00 денари.
Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Осомничениот на 30.10.2014 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во 02,30 часот, пред влезот на зграда број 5 на ул. „Даме Груев“ во Скопје, со употреба на погоден алат го извадил заштитниот ланец со кој моторциклот марка „Јамаха“ бил заврзан за бетонски столб, по што со помош на двајца наемни работници, кои ги ангажирал, го ставил моторциклот во камион, сопственост на неговиот татко и го транспортирал до населба Бутел.
Таму, го оставил во непосредна близина на црквата, место кое го договоил со непознато лице, кое му исплатило сума од 2.000 евра, по што на наемните работници им исплатил по 100 евра, а остатокот од парите ги искористил за свои лични потреби.
Од страна на Отсекот за моторни возила по претходни Барања за доставување на податоци од страна на Основното Јавно Обвинителство, обезбедени се видео записи од околните објекти, како и од безбедносните камери поставени на крстосниците и објектите во Град Скопје на кои се гледа начинот на извршување на кривичното дело како и правецот на движење на камионот.
Извршен е претрес на домот на М.Љ., татко на пријавениот, каде двајцата живеат во семејна заедница, при што кај К.Љ. се пронајдени поголема количина пиштолска муниција од разен калибар за што биле известени полициски службеници од ЕНТ-ОНТОЕ за нивно понатамошно постапување. Пронајдената пиштолска муниција и камионот се одземени и предадени за понатамошна постапка. /крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.