Контакт

Вести

Тајланд: Осумгодишни девојченца обвинети за кршење на референдумската кампања

Објавено пред

Против две осумгодишни девојченца на Тајланд ќе биде подигнато обвинение за нарушување на правилата на референдумската кампања, затоа што од ѕид симнале предизборни плакати кои им се допаднале бидејќи биле розови, објави локалната полиција во неделата.

dobivaj vesti na viber

Девојченцата се обвинети за опструкција на референдумот и уништување на јавната сопственост, откако ги симнале плакатите пред училиштето, изјавил Дамронг Петпонг, полициски началник во покраина на северот на земјата.

„Признаа дека ги симнале плакатите, бидејќи им се допаѓала розовата боја“, рекол Дамрон за Reuters.

Истакнал дека девојченцата нема да бидат казнети бидејќи се премлади, но тужба во секој случај добиле.

Референдумот за нацрт уставот ќе биде првиот тест за јавното мнение, откако тајландската војска со пуч дојде на власт во мај 2014 година.

Критичарите, меѓу кои се главните политички партии, велат дека нацртот на повелбата на војската ќе ѝ овозможи многу поголеми овластувања над избраната влада, и дека не би ги решил разликите меѓу популистичките политички сили и естаблишментот со кој доминира војската.

Сегашната влада, којашто е сé понервозна пред гласањето, со закон ги забрани дискусиите за уставот и лобирањето, без разлика дали станува збор „за“ или „против“, а секому што нема да ја почитува забраната му се заканува затворска казна од десет години./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион23 минути

Вучиќ: Курти цело време има наполнетa пушка и сака да пука во Србите

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти, секогаш има наполнета пушка и сака да пука...

Европа2 часа

Човекот кој најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме

Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот...

Европа2 часа

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и...

Свет2 часа

Трамп воведува санкции за Меѓународниот кривичен суд

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба за воведување санкции на Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го за „преземање незаконски...

Македонија13 часа

Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР

Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив. „Францускиот...

Економија19 часа

Неправилности со распишани тендери, службени возила и договори за вработени – ревизијата во Министерството за економија констатира низа прекршувања

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, информира за спроведената ревизија во Министерството за економија и труд, која констатирала низа неправилности,...

Македонија20 часа

Секој има право да поднесе иницијатива до Собранието, но разрешувањето на Судскиот совет е предвидено единствено со закон, вели Камбовски

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, претпладнево рече дека не е известен за инцијативата за разрешување на членовите на Судскиот...

Македонија20 часа

„Од ‘Соравија’ ли ќе ги вратиме или од ‘ролс-ројсот’?“, праша Мицкоски за 50-те милиони солидарен данок што треба да им се врати на компаниите

Владата ја разгледува можноста да се побара одговорност од нивните претходници, кои го воведоа солидарниот данок, по вчерашната одлука на...

Македонија21 час

Мицкоски очекува по изгласувањето интерпелација, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да се повлечат

Граѓаните не се задоволни од начинот на кој функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Тоа е едно мочуриште, кое изобилува со...

Топ21 час

Загина 46-годишник од Струмичко: бил прегазен од камион

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач...

Македонија22 часа

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР: ОЈО со детали за измамата

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две...

Македонија24 часа

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, кој исчезна пред осум дена

Миле Тодоров дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино. Бил облечен во работничко одело,бело палто...

Македонија24 часа

Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

„Државната комисија за спречување корупција итно треба да постапи во случајот Андоновски и непотизмот кој царува во Владата на Мицкоски....

Македонија24 часа

СДС и Филипче да кажат дали и колку пар ѝ плаќале на судијката што го ослободи од затвор возачот убиец, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Деновите поминуваат, дилемите се редат, а СДС и Филипче глас не пуштаат. Со нивниот молк уште повеќе ја зголемуваат недовербата...

Македонија1 ден

„Во Северна Македонија се спроведува политика на културна нееднаквост, која систематски ја потиснува албанската културна продукција“, велат од ДУИ

„По молкот на институциите и одредени општествени актери во врска со реакцијата на ДУИ за очигледната дискриминација во распределбата на...

Европа1 ден

(Видео) Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Руската војска доцна синоќа изврши напад со беспилотни летала на голем пазар во киевскиот кварт во Харков. „Нападот беше насочен...

Свет1 ден

Америка: Панама попушта со нашите бродови; Панама: Тоа е лага

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека бродовите на американската влада сега можат да минуваат низ Панамскиот канал без надомест. „Владата...

Регион1 ден

(Видео) Црвената плажа повеќе не постои по големото лизгање на земјиштето: земјотресите го менуваат изгледот на Санторини

Серијата земјотреси кои го потресуваат архипелагот Додеканези трајно го менуваат изгледот на Санторини, еден од најубавите острови во Грција, кој...

Европа1 ден

(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата...

Свет1 ден

(Видео) Трамп, опкружен со деца, потпиша забрана за трансродовите жени во женскиот спорт

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите жени да се натпреваруваат во женски спортови. Регулативата содржи...