Вести
Трамп победи во пет, Клинтон во четири сојузни држави
Водечкиот меѓу кандидатите на Републиканската партија за стекнување на партиската номинација на ноемвриските претседателски избори во САД, Доналд Трамп, победи во сите пет сојузни држави во коишто во вторникот се одржуваа предизборите на ткн трет „супервторник’, додека кај Демократската партија Хилари Клинтон го потврди водството победувајќи во четири држави, што и за двајцата преставува чекор поблиску до конечната трка за Белата куќа.
Милијардерот Доналд Трамп победи со голема разлика во сите пет држави, во Мериленд освои 55 отсто од гласовите, во Пенсилванија – 57,2 отсто, во Делавер – 60,8 отсто , во Конектикат – 59 отсто и во Род Ајланд победи со освоени 63,6 отсто од гласовите на републиканските избирачи.
„Сите пет! Тоа е далеку подобро од очекуваното!“, изјави Трамп пред своите приврзаници во Њујорк, каде што ги очекуваше резултатите.
Со овие победи бројот на делегатите кои ги обезбеди досега Трамп за републиканската конвенција се искачи на 950 од потребните 1.237 за номинацијата. Изјави дека веќе се смета себеси за предодреден кандидат на Републиканската партија и изјави дека е време неговите противкандидати, сенаторот од Тексас Тед Круз и гувернерот на Охајо Џон Кесик да се повлечат од трката.
Меѓутоа, Круз и Кесик, откако склучија договор меѓусебно да не се напаѓаат во кампањата, во медиумите наречени како коалиција „Стоп за Трамп“, имаат цел њујоршкиот магнат да го попречат во освојувањето на апсолутното мнозинство делегати. Во тој случај националната конвенција на Републиканската партија би дошла во состојба на ткн „отворена конвенција“ која поради ненаклонетоста кон него на партискиот врв може да ја загуби, иако ќе биде релативен победник на предизборниот циклус.
На неговите протвикандидати, Тед Круз и Џон Кесик, целта им е токму спротивна, да изборат отворена конвенција. Затоа тие двајцата во неделата објавија дека нема да се попречуваат меѓусебно на претстојните предизбори. Од изборниот штаб на Круз соопштија дека тој ќе се фокусира на Индијана и ќе му се истави од патот на Кесик во Орегон и во Ново Мексико, држави во коишто гувернерот на Охајо се надева дека ќе мине добро. За возврат, Кесик, се согласи да се откаже од кампањата во Индијана.
Ултраконзервативниот Круз веќе ги заборави североисточните држави кои не му се наклонети, и се сврти токму кон Индијана, каде што ќе се гласа на 3-ти мај. „Имам добра вест за вас: вечерва кампањата се сели на попристапен терен“, им порача Круз на своите приврзаници.
Хилари Клинтон, пак, кај демократите во вторникот победи во Делавер со 59,7 отсто од гласовите, во Мериленд со 63,4 отсто, во Пенсилванија со 56,6 отсто,и во Конектикат со 51 отсто. Берни Сандерс го освои малиот Род Ајланд со 57,7 проценти.
Со тоа бројот на делегатите кои ги обезбеди досега поранешната државна секретарка и прва дама се искачи на 2.141 од потребните 2.383 за конвенцијата на Демократската партија.
Иако најверојатно и на самиот нему му е јасно дека повеќе не може да ја стаса, Сандерс не мисли да се предаде. „Луѓето во сите држави имаат право на свој глас, во сите држави имаат право да кажат кого сакаат за претседател, Затоа нема да се повлечеме се додека и последниот глас не биде во избирачката кутија“, порача.
Клинтон, чувствувајќи дека победата и е сосема блиску, веќе започна да работи на придобивањето на партиското единство. „Без оглед дали го поддржувате сенаторот Сандерс или ме поддржувате мене, има многу повеќе нешта коишто нé спојуваат, отколку што нé разделуваат“ порача./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.