Контакт

Македонија

Еврообврзницата реиздадена, СДСМ повторно реагира

Објавено пред

Македонија одново ја издаде седумгодишната еврообврзница со камата од 5 отсто, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Минатиот четврток, беше одложено тргувањето со еврообврзницата чија максимална вредност е 650 милиони евра, откако член на опозицискиот СДСМ упати писмо во кое го покрена прашањето за правна надлежност за нејзино издавање.

 

Во вторник, од опозициската СДСМ повторно реагираат и велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за финансии Кирил Миноски, повторно го почнаа процесот на издавање еврообврзница на износ до 650 милиони евра, со што директно го кршат законот за Јавен долг, без претходно обезбедено правно мислење од Министерот за правда, согласно член 18 став 6.

 

„Исто така со носењето одлука за ова задолжување на странските пазари директно се кршат членовите 44,45 и 46 од Законот за Влада, како и членот 353 од Кривичниот Законик.

 

„Предупредуваме дека сите раководни лица во државните институции инволвирани во издавањето на еврообврзицата ќе одговараат“, предупредуваат од опозициската партија.

 

Сметаат дека со молкот од страна на владиниот коалициски партнер ДУИ постои договор, со што „ДУИ уште еднаш потврди дека заедно со ВМРО ДПМНЕ кумува на економскиот колапс на граѓаните и на Р. Македонија“.

 

„Укажуваме уште еднаш на агентите за издавање на еврообврзницата, Сити Груп, Дојче Банк, Ерсте Банк, Сосиете Женерал и потенцијалните кредитори, дека ова задолжување е незаконско и ќе биде предмет на оспорување како законски јавен долг по промената на власта.  Тоа што оваа Влада и министерот за финансии манипулираат дека мандатот на дополнителните заменици министри е само 100 дена пред одржувањето на избори, никого не ослободува од ризикот од оспорување на законитоста на задолжувањето.

Издавањето на еврообврзница од 650 милиони евра е последниот обид на Никола Груевски за доуништување на економијата во Македонија“, велат од СДСМ. /крај/со/бб

Економија

УЈП: Инкасирани 2,3 милијарди денари или 37,4 милиони евра повеќе во буџетот споредбено со јули лани

Објавено пред

Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега.

По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година.

„Растот на приходите не е случаен – тој е резултат на зголемена економска активност, како и посветена работа, партнерство и доверба која Управата за јавни приходи постојано ја гради со даночните обврзници. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата“, велат од УЈП.

Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за 828 проекти со 225 милиони евра преку капитални инвестиции

Објавено пред

Со склучувањето на договорите за вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес започнува нова фаза на големи вложувања во општините ширум Македонија, соопшти премиерот, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Вкупната вредност на проектите изнесува 13,8 милијарди денари, односно околу 225 милиони евра, а се опфатени 828 проекти во различни области. Најголем дел од средствата, над 8 милијарди денари, ќе бидат инвестирани во инфраструктурата – патишта, мостови и локални врски.

Покрај тоа, во областа на животната средина ќе се реализираат 143 проекти со вкупна вредност од над 2,4 милијарди денари, кои се однесуваат на чиста вода, канализациски системи, управување со отпад и создавање нови паркови.

Во секторот образование, преку 48 проекти, ќе се инвестираат 1,6 милијарди денари за изградба и обнова на училишта и градинки, додека има и проекти поврзани со култура, спорт и социјална политика.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива некогаш направена за општините, без партиски филтри и фаворизирања. Секоја општина што има проект добива поддршка,“ истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие инвестиции се гради еднаквост и пристап до квалитетен живот за сите граѓани, без разлика на нивната локација, и најави дека нема да се дозволи запоставување на ниту еден регион.

Со склучените договори и веќе започнатите проекти, Мицкоски ја опиша оваа иницијатива како конкретен чекор кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонија, која според него од хартија преминува во реалност.

Прикажи повеќе...

Економија

Побрз живот – побрзи навики, и времето е пари

Објавено пред

Живееме побрзо отколку што се живеело порано. На работа, дома, на улица, на интернет – сè се случува побрзо во споредба со минатото. Ова не е само паушална претпоставка изведена од нашите лични искуства, и науката докажува дека темпото на живот е забрзано. Постојат голем број студии и истражувања според кои модерниот начин на живот е подинамичен за разлика од пред 20 или 30 години. Некои од истражувањата се базираат на социолошки критериуми, додека, пак, други на технолошкиот развој. Едно од најзанимливите истражувања е она на професорот Ричард Вајсмен (Richard Wiseman) кој ја мерел брзината со која се движат пешаците во големите градови. Тој утврдил дека за 16 години, брзината, во просек, се зголемила за 10 отсто, односно луѓето сѐ повеќе брзаат кога се движат по градските тротоари.

dobivaj vesti na viber

Тргнете од сопствената практика и ќе утврдите дека од вас се очекува да направите повеќе работи во текот на денот во споредба со порано. Секојдневието е исполнето со обврски, рокови, мобилни нотификации и постојана трка со времето. Технологијата ни го олесни животот, но, истовремено, создаде нова динамика каде што сите очекуваат брза реакција, за само неколку минути. Во вакви услови, времето стана скапоцен ресурс затоа што, едноставно, имаме чувство дека сè помалку го има. Да, денот трае 1.440 минути, исто колку и пред сто години, но денес многу повеќе се цени можноста да завршите работа или да добиете услуга за неколку минути за да ви остане повеќе време за себе и за вашите најблиски.

Во услови кога изреката „и времето е пари“ станува сè порелевантна, на сите ни е важно да можеме само со неколку клика на мобилниот телефон да извадиме документ, да нарачаме храна, да резервираме одмор, да земеме брзи кредити.

Секако, кога се живее брзо, еден од највредните ресурси е брзиот пристап до пари. Credissimo има систем за одобрување кредити приспособен на брзото темпо на живот и обезбедува пари навреме за сите потреби, предизвици и желби на своите клиенти. Ќе доловиме само неколку ситуации кога е важно да имате брз и сигурен пристап до пари, со поволни услови за враќање.

  • На интернет начекувате LAST MINUTE понуда за некоја атрактивна летна дестинација, но дел од сумата треба да се уплати во наредните 24 часа. Тоа е трошок што не сте го планирале, а би било супер да може да добиете позајмица уште истиот ден.
  • Имате идеја за сопствен бизнис, но ви недостасуваат неколку илјади евра за да започнете со работа. Не сакате да губите време со долги банкарски процедури, бидејќи имате чувство дека треба да почнете веднаш.
  • Ви се расипа автомобилот баш во сезона на летни одмори. Поправката не чини многу, но семејниот буџет е планиран за летување на море.
  • Во некоја од соседните земји концерт најавува вашиот омилен бенд. Ви требаат пари за карти за концертот, за превоз, за сместување, храна и други трошоци. Правите пресметка дека сето тоа чини околу 400 евра, но во моментот немате толку средства на располагање.

Во вакви ситуации, времето е клучен фактор. Традиционалните начини на финансирање бараат долги процедури, документација и чекање. Затоа брзите кредити станаа составен дел од финансиската реалност на многу луѓе. Тоа не е случајно. Тие се приспособени токму на потребите на модерниот човек – брзина, едноставност и достапност.

Аплицирањето за брзи кредити во Credissimo е целосно онлајн, а постапката за одобрување трае само неколку минути, по што парите веднаш се достапни на вашата сметка. Притоа, нивните основни карактеристики се:

  • Достапни 24/7 – идеални кога ви треба брз пристап до пари
  • Транспарентни – со јасно дефинирани услови и трошоци
  • Флексибилни – со можност за избор на износ и рок на отплата според вашите можности

Како дополнителна поволност, сè уште е во тек понудата за тримесечни кредити со 0 % камата, со која враќате точно онолку колку што сте позајмиле, без никакви дополнителни трошоци.

Брзиот начин на живот не мора да значи дека сте принудени да живеете под постојан финансиски притисок. Со внимателно користење на модерните финансиски алатки, како што се брзите кредити, може да имате повеќе контрола врз сопствениот буџет, повеќе слобода во носењето одлуки и можеби, најважно, повеќе мир и слободно време во секојдневието.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напади во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија21 минута

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја...

Македонија11 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија17 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија18 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет18 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија20 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија20 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ21 час

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија1 ден

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија1 ден

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет2 дена

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија2 дена

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ2 дена

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион2 дена

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет2 дена

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...