Контакт

Вести

Путин: Не знам дали Турците им се „вовлекуваат“ на Американците, но тоа не е паметно

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин на својата традиционална годишна пресконференција изјавил дека „не знае дали некој во актуелната турска влада одлучил да им се ‘вовлекува’ на Американците на одредено место, но дека тоа не е паметно“, пренесуваат руските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Овој одговор на Путин на прашањата за односите со Турција предизвика огромен аплауз, а рускиот претседател, исто така, додал дека соборувањето на рускиот авион на сириско-турската граница го смета како непријателски чин.

„Потезите на турските власти се непријателски. Авионот е соборен, луѓето се убиени, а она што е особено нечуено, е тоа што ако веќе тврдат дека е несреќа, нема ниту извинување“, рече Путин. Тој додаде дека проблемот е тоа што официјална Анкара наместо на Москва, му се обратила на НАТО во Брисел. Или како што забележа рускито челник „се обидува да се сокрие зад“ Алијансата.

Според рускиот претседател, во овој момент, со сегашната власт во Турција нема простор за унапредување на односите.

„Испадна дека ниту Брисел не сака да има ништо со тоа. Доколку е несреќа, дигнете го телефонот, објаснете, извинете се. Наместо тоа, тие се кријат зад НАТО. Во овие услови е невозможно да се преговара со Анкара. Турција не направи никакви чекори за да ги подобри односите и не гледам простор или начин за унапредување на односите во една таква ситуација“, истакна Путин.

На новинарско прашање околу тоа дали постои „трета страна“ во руско-турските односи, рускиот претседател одговори дека „не може со сигурност да каже дека има такво нешто“.

„Сепак, можам да помислам дека на некое ниво постои некаков договор или некакви консултации околу соборувањето на авионот. Не знам што мислеа. Дека ќе побегнеме? Ние не сме таква земја“, порача . Рускиот претседател, исто така, упати и предупредување до „сите оние кои говорат турски јазик во Русија“.

„Вие сте, исто така, дел од Русија и немојте да ја бранувате ситуацијата. Турските лидери нам ни зарија нож в грб“, рече Путин, повторно разграничувајќи ги турските граѓани од властите во таа земја.

Говорејќи за ситуацијата во Сирија, пак, Путин рече дека политичкото решение е она што е добро и можно, и дека компромисот е можен, но потребни се отстапки од сите страни.

„Иднината на Асад е во рацете на сирискиот народ. Што се однесува до нашето делување во Сирија, планот на Русија за решавање на кризата во некои клучни точки се совпаѓаат со плановите на САД“, рекол рускиот претседател./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ2 часа

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија3 часа

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија5 часа

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ5 часа

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...

Македонија6 часа

Над 40 автошколи под сомнение дека договарале цени за обука

Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата...

Македонија7 часа

Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина...

Македонија7 часа

Почината жена пронајдена во дупка во атарот на гостиварско Неготино: за едно осомничено лице одреден краткотраен притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде...

Македонија8 часа

СДСМ: Милошоски најавува мигранти за пари, ама со променет статус во економски работници

„Планот на ВМРО-ДПМНЕ за примање мигранти во Македонија е целосно разоткриен. И не се само пишувањата на британските и светските...

Свет9 часа

(Видео) Шефот на НАТО: „Ние сме следната цел на Русија, немаме време“; Москва одговори

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги повика сојузниците да ги засилат одбранбените напори за да спречат војна што...

Свет9 часа

(Видео) Австралиец скокаше од авион, падобранот се заглави во опашката: драматичен инцидент на 4.500 метри

Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB) објави снимка од падобранец чиј падобран се заплеткал во опашката на авионот среде...

Свет10 часа

(Видео) Убиецот на Чарли Кирк првпат се појави пред суд

Мажот обвинет за убиство на десничарскиот активист Чарли Кирк, 22-годишниот Тајлер Робинсон, се појави за прв пат лично на суд...

Свет10 часа

САД воведуваат нови санкции врз Венецуела, насочени кон внуците на Мадуро и нафтениот сектор

САД го зголемуваат притисокот врз Венецуела со нови санкции насочени кон тројца внуци на претседателот Николас Мадуро, меѓу другите. Двајца...

Свет10 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано слабо цунами: пристигнуваат снимки

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за...

Свет10 часа

Трамп ја презеде контролата врз регулативата за вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон централизирање на регулирањето на вештачката интелигенција на федерално ниво за да...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“

На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“. „Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се...

Македонија20 часа

„Јавноста бара одговори, а добива уште една сцена на политичка формалност“, велат од Блупринт групата за реформи во праводуството за комисијата за Кочани

Јавноста бара одговори, но наместо одговорност, добива уште една сцена на политичка формалност. Семејствата уште еднаш беа оставени да гледаат...

Македонија1 ден

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија1 ден

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ1 ден

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....