Вести
Амбасадорот на Франција: Во нападите во Буркина Фасо има 27 мртви

Најмалку 27 луѓе загинале во нападот на милитантите врз ресторан и земање заложници во хотелот во Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо, соопшти францускиот амбасадор Жил Тибо.
Откако претходно беше соопштено за 23 жртви, амбасадорот Тибо на Twitter напиша „Нема жени меѓу тројцата убиени напаѓачи. Билансот на жртвите: 27 убиени. Националност на загинатите сé уште не е позната“.
Тој додава дека безбедносните сили успеале да евакуираат од хотелот 150 луѓе на кои им е пружена медицинска помош, како и дека во хотелот имало луѓе од 18 земји.
Истата информација за потеклото на евакуираните гости од хотелот „Splendid“ за агенцијата AFP ја потврдија и безбедносните сили на Буркина Фасо, но според нив биле евакуирани 126 луѓе.
„126 лица, од кои најмалку 33 се ранети, се ослободени. Тројцата муџахедини, Арап и двајца темнокожи Африканци се ликвидирани“, изјави претходно за AFP министерот за безбедност Симон Компаоре. Според него, „операцијата е завршена за ослободување на заложниците од хотелот Splendid, а продолжува операцијата за чистење на хотелот Ybi“, кој се наоѓа во близина на исто така нападнатиот локал.
Хотелот „Splendid“ го користат најмногу лица од западните земји кога престојуваат во Буркина Фасо, како и персоналот на агенциите на Обединетите нации кои дејствуваат во оваа земја.
Џихадистите од групата Ал Каеда на исламскиот Магреб го нападнаа ноќта во петокот хотелот „Splendid“ и ресторанот кој се наоѓа наспроти хотелот во центарот на главниот град Уагадугу, пренесоа локалните медиуми.
Безбедносните сили тргнаа во операција со поддршката на француските специјалци кои се стационирани во предградие на Уагадугу во рамките на борбата против исламисте во Сахел. САД, исто така, имаат 75 војници во Буркина Фасо, и соопштија дека им дале поддршка на француските сили во операцијата.
Според ресурсот за следење на активностите на радикалните исламисти на интернет SITE, нападот врз хотелот во главниот град на Буркина Фасо го извршиле припадници на групата Ал Мурабитун, којашто во ноември го зазема хотелот во главниот град на Мали, пренесе Reuters./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.