Контакт

Вести

Најмалку 272 мртви во земјотресот во Еквадор, се трага по преживеани

Објавено пред

Спасувачките екипи на Еквадор ја продолжија трката со времето и во ноќта кон понеделникот во обидот да се извлечат од под урнатините преживеаните од земјотресот во кој животите ги загубија најмалку 272 луѓе, а околу две илјади се повредени. Во уривањето на околу триесетина хотели, меѓу жртвите има и странци, а потврдено е дека двајца Канаѓани ги смртно настрадале.

dobivaj vesti na viber

„Бројот на мртвите ќе порасне, и тоа веројатно значително. Ова се тешки моменти, станува збор за најголемата трагедија во последните 67 години, единствено поголема е онаа по земјотресот во 1949 година во Амбату, во централниот дел на земјата“, предупреди еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, кој во неделата се врати во земјата прекинувајќи ја посетата на Италија соопштувајќи ги новите привремени податоци.

Според Кореа, бројот на повредените изнесува засега 2.068 лица, и претставува коригирање на претходно соопштената бројка од 2.557 која ја соопшти потпретседателот Хорхе Глас. Уште додека во неделата беше во посета на Ватикан, претседателот Кореа деблокираше итна буџетска помош од околу 600 милиони американски долари.

Тој во неделата доцна ноќта допатува во Манта. Во оваа област, која го зафаќа еквадорскиот брег, настраданите со голи раце ги бараат преживеаните под урнатините, и втора ноќ по ред минаа под отворено небо, од страв од последователните потреси или за да го чуваат од кражби она малку што успеаја да го спасат.

Во Портовиеј, на западот од земјата, еден од најпогодените градови, урнати се куќи, опустошен е локалниот пазар, столбовите од уличното осветлување се на земја и делови од објекти се расфрлени по тротоарите, сведочејќи за димензиите на потресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер.

„Веќе извлековме три тела, но мислиме дека има уште десет или единаесет кои се приклештени“, изјавил за AFP член на спасувачката екипа на урнатините во хотелот „El Gato“, шестокатница којашто целосно е урната.

Стотина затвореници ја искористиле неочекуваната можност што им ја пружи стихијата и побегнаа од затворот во Портовиеј. „Започнавме операции за повторно да ги фатиме“, напиша на Twitter министерката за правда Леди Зунига, и соопшти дека дел од нив досега се пронајдени.

Во Гуајаквил, иако речиси 400 километри јужно од епицентарот на потресот, локалното население силно го почувствувало треперењето на почвата. Оскар Алава, 41-годишен инженер вели дека неговото семејство било предупредено за опасноста од лаењето на нивниот пес. Во овој пристанишен град со околу два милиона жители, еден маж е смачкан во автомобил врз кој се урнал мост, а девојченце смртно настрадало откако врз неа паднал дел од урнат покрив на трговски центар.

Во Манта, на западниот брег на Еквадор, град близу епицентарот на потресот чијшто хипоцентар бил на само 20-ина километри длабочина, „урнати се куќи, уличното осветление е паднато, има закопани под урнатините“, опишува 40-годишната службеничка Миријам Сантана.

Европската унија најави активирање на европскиот механизам за цивилна заштита за помош на оваа јужноамериканска земја, додека американскиот државен секретар Џон Кери ја понуди помошта од САД. Во погодените подрачја упатени се 14.000 припадници на безбедносните сили, 241 здравствен работник и две мобилни болници. Засилување на спасувачките екипи им пристигнува од Колумбија, Мексико, Чиле, Шпанија…

Во Педерналес, епицентарот на земјотресот, популарна туристичка дестинација со плажи на Тихиот Океан, властите го проценуваат бројот на загинатите на 300 до 400 жртви, истакнувајќи дека се уништени 30 хотели. „Педерналес е опустошен, зградите се урнати, особено хотелите каде се сместени бројни туристи, има мртви тела. Потребна ние е помош“, апелираше градоначалникот Габриел Алсивар./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари....

Македонија1 час

(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со...

Забава2 часа

Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката...

Македонија5 часа

И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има...

Свет5 часа

Бројот на загинати во поплавите во Тексас се искачи на 50, продолжува потрагата по децата

Бројот на жртви од поројните поплави во Тексас, на југот на САД, се искачи на 50, додека потрагата по десетици...

Свет5 часа

Илон Маск: Основав нова партија

Илон Маск најави основање на нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако на социјалната мрежа...

Свет5 часа

„Најдобриот разговор досега“ – Зеленски по телефонскиот повик со Трамп за системите „Патриот“ и одбраната на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша својот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп како најдобар во целиот овој период,...

Македонија15 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Топ22 часа

Претставувајќи се како божји човек кој крши магии, скопјанец дошол до 400.000 евра од сопружници, барале помош за синот

Педесетчетиригодишен маж од селото Трубарево, скопско, е приведен поради сомнеж за измама, со што се стекнал со противправна имотна корист...

Македонија1 ден

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија1 ден

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ1 ден

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ1 ден

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет1 ден

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија1 ден

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија1 ден

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт1 ден

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија2 дена

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 дена

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 дена

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...