Контакт

Општество

Спасов: Поголема транспарентост и информираност за правата од пензиско и инвалидско осигурување

Објавено пред

Една од програмските цели на Владата е олеснување на пристапот на граѓаните до институциите со што се подигнува ефикасноста на јавната администрација, па така, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) од 2012 година ја реализираат активноста Ден за Вас, а од овој викенд се започнува се започнува нов циклус, кој и натаму ќе биде ден посветен на граѓаните и на нивните права од пензиското и инвалидското осигурување, истакна во саботата министерот за труд Диме Спасов.

dobivaj vesti na viber

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, вд директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ФПИОМ), Амет Даути и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Булент Дервиши во саботата о посетија пунктот од каде што започнува новиот циклус на активности во рамките на Проектот „Ден за Вас“

„Основната цел на оваа активност е осигурениците, односно работниците преку непосредни прашања со вработените од Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и МАПАС да добијат одговори на прашања од пензиското и инвалидското осигурување. Ова од причини што според сите досегашни согледувања и анализи во однос на информираноста на граѓаните за начинот и постапката за остварување на правата од пензиско и инвалидско осигурување, се утврди дека постои потреба од поголема транспарентност и едукација на јавноста во оваа област”, рече Спасов:

„Познато е дека пензиското и инвалидското осигурување станува интересно прашање за осигурениците, односно работниците дури кога тие ќе ги исполнат условите за остварување на право на пензија, и тогаш се соочуваат со прашања за пензискиот стаж и платите од коишто, пак, непосредно зависи и висината на пензијата“, додаде министерот

Спасов истакна и дека е честа потребата од вклучување повеќе сегменти од пензискиот систем во постапката за остварување на правото на пензија, како што се примена на билатерален договор за социјално осигурување или уплата на придонес за пензиски стаж и слично, со што има потреба од разјаснување на дополнителни прашања при остварувањето на правото на пензија.

Активностите „Ден за вас“ започнуваат од Скопје, на каде што граѓаните ќе можат да извршат проверка за нивниот стаж на осигурување и плати и други податоци од пензиското осигурување и да добијат известување во хартиена форма. Исто така, можат да се информираат со вработените од овие институции за сите прашања поврзани со првиот и вториот пензиски столб.

Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период и тоа во следните градови: Штип, Гостивар, Струга, Куманово, Велес, Охрид, Битола, Прилеп и други градови.

„Исто така, сакам да најавам дека преку донесените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување Фондот на ПИОМ од следната година има обврска да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник”,порача СпасовЗа почеток овие податоци ќе се доставуваат по електронски пат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување на податоци кои се водат во матичната евиденција на Фондот. Од јуни 2015 година Фондот ќе има законска обврска да овозможи електронски пристап во увидот на податоците за стаж и плати, на ист начин како што на пример во моментов се врши проверка на трансакциската сметка во банка. Во целиот процес ќе се применуваат прописите со коишто се уредува заштитата на личните податоци.

Со постојаната информираност на осигурениците за податоците за стаж и плати ќе се овозможи навремено корегирање на евентуалните нецелосни или погрешни податоци коишто ги води Фондот на ПИОМ, а во иднина дополнително ќе се зголеми и ефикасноста во донесувањето на решенија за правата од пензиското и инвалидското осигурување бидејќи податоците за стаж и плати ќе бидат целосни и точни.

Осигуреникот ќе има увид во неговите плати и стаж на осигурување, особено во делот дали е пријавен со полно работно време или помалку од полното работно време и дали му се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување на најниска основица или на реално исплатена плата.

„Преку овој проект се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на коишто ќе ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување, како и ефективно учество на институциите во комплетирањето на тие податоци. На овој начин покажуваме дека јавната администрација е сервис на граѓаните во обезбедувањето на социјалната сигурност”, заклучи министерот за труд и социјална политика, Спасов./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Им се заканувал на сопругата и ќерките дека ќе ги убие и запали: откриено автоматско оружје по пријава за семејно насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење,...

Македонија3 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија3 часа

Запленети пиштоли, едно лице е во притвор, спречен обид за сериозен меѓународен криминал, соопшти Царинската управа

Царинската управа соопшти дека е спречен обид за сериозен меѓународен криминал, при што биле запленети девет пиштоли од кои пет...

Македонија3 часа

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна...

Македонија3 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет4 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ4 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа7 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет8 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет8 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет9 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет21 час

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија23 часа

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...

Македонија1 ден

Фирма фатена на дело – нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки, Царинската управа поднесе кривична пријава против две лица

Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија...