Контакт

Општество

Анкета: Младите сакаат да заминат најмногу заради невработеноста и општествено-политичката ситуација

Објавено пред

Младите луѓе воопшто не се задоволни од условите што им ги нудат општините во кои живеат. Дури 63,4 отсто од вкупниот број испитаници не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и др. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот регион – 51,7 отсто и оние од Североисточниот регион – 40,4 проценти.
 

dobivaj vesti na viber

Младите луѓе воопшто не се задоволни од условите што им ги нудат општините во кои живеат. Дури 63,4 отсто од вкупниот број испитаници не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина и др. Најнезадоволни се младите од Пелагонискиот регион – 51,7 отсто и оние од Североисточниот регион – 40,4 проценти.

 

Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе НВО Инфоцентарот во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Осми Септември и Центарот за развој на медиуми, во периодот ноември 2015 – јануари 2016 година, меѓу младите луѓе во сите осум плански региони во Република Македонија (Скопски, Вардарски, Источен, Североисточен, Пелагониски, Полошки, Југозападен и Југоисточен).

Оваа анкета има за цел да ги истражи мислењата и ставовите на младите луѓе за две теми:  планирање на семејството и миграциите. Со анкетата се опфатени вкупно 503 испитаници на возраст од 20 до 35 години, во сите плански региони.

Сликата за незадоволството на младите луѓе станува уште подраматична со прашањето за тоа какви се условите за вработување во општината во која живеат. Дури 83,3 отсто од испитаниците оценуваат дека условите за вработување се лоши. Младите од Североисточниот регион се најнезадоволни – 94,8 проценти, а потоа следат оние од Пелагонискиот (91,8 отсто) и од Вардарскиот регион (91,2 проценти). Исто така, голем е бројот на младите луѓе кои сметаат дека работните услови за вработените во нивните општини се лоши – дури 77 отсто. Најнезадоволни се младите од Североисточниот (89,7 проценти ), од Вардарскиот (88,5 отсто) и од  Пелагонискиот регион (81,4 отсто).

На прашањето дали би се иселиле надвор од Македонија, исклучително високи 83,7 отсто од испитаниците се изјасниле позитивно. Две третини од нив – 52,4 отсто би се иселиле во некоја од заподноевропските држави, речиси 12 проценти во САД и Канада, а во некоја од скандинавските држави би се иселиле 10,3 проценти од испитаниците. Погледнато според региони, 70 отсто од испитаниците во Североисточниот регион кои би се иселиле надвор од државата, би сакале да заминат во западна Европа. Мапата на најпосакуваните земја за иселување е најшаренолика кај младите од Пелагонискиот регион – за 17,7 проценти „ветената земја“ се САД и Канада, потоа следуваат Скандинавија (15,5 отсто) и Австралија и Нов Зеланд (12,7 отсто).

Работата (невработеноста, потрагата по подобро вработување) – 34 отсто, општествената ситуација (главно партиските вработувања, а потоа и вкупната политичката ситуација) – 33,5 отсто и економската стабилност односно финансиите – 17 проценти се главните причини заради кои младите би ја напуштиле државата, стои во анкетата.

Заради работата, најмногу би се иселиле младите од Полошкиот (48,8 отсто) и од Југоисточниот регион (48,1 отсто). За младите од Пелагонискиот (51,4 отсто) и од Источниот регион (50 проценти), најсериозна причина заради која би се иселиле е општествената ситуација односно партиските вработувања и целокупната политичка состојба во која се наоѓа државата. Економската стабилност (парите, повисоките примања и др.) е клучна причина за иселување за 35,3 проценти од младите во Вардарскиот и за 33,3 проценти од младите испитаници во Скопскиот регион. 

Младите и планирањето на семејство

Најголемиот дел од младите луѓе (76,9 отсто) иако се на возраст кога може и треба да се осамостојат, сè уште живеат во заедница со своите родители (дури и оние кои веќе имаат основано сопствени семејства – 15,5 проценти).

Четиричленото семејство со две деца е најпосакуваната опција за повеќе од половината испитаници (52 проценти), а за нешто повеќе од една четвртина од испитаниците (26,5 отсто), идеалното семејство го сочинуваат три деца. Едно дете би сакале да имаат 10,1 проценти од младите испитаници. Иако посакуваат да имаат две, a некои и три деца, сепак, поголемиот дел од испитаниците кои основале свое семејство, или немаат деца или имаат само едно дете – 67,8 отсто немаат основано семејство, а од оние 29,3 отсто кои веќе основале семејство, 15,8 проценти имаат  едно дете, а 11,4 отсто имаат две деца.

Во однос на регионалната распределба, најголемиот дел од испитаниците кои сакаат да имаат две деца се од Вардарскиот регион, а оние кои сакаат да имаат три деца најбројни се во Југоисточниот регион. Дури 60 отсто од испитаниците од Вардарскиот регион рекле дека сакаат да имаат две деца, а високи 41 процент од испитаниците во Југоисточниот регион истакнале дека сакаат да имаат три деца.

За најголемиот дел од младите луѓе клучни предуслови за основање семејство, како и причини зашто сè уште не основале семејство се вработувањето, финансиите и партнерот односно возраста. Високи 41,1 отсто од вкупниот број испитаници сметаат дека вработувањето е клучен предуслов за основање семејство, за 24,8 проценти тоа е финансиската стабилност, а за 22 проценти тоа е изборот на партнер.

За 66,7 отсто од испитаниците од Југоисточниот регион клучен предуслов е работата, додека за 61,4 проценти од испитаниците од Вардарскиот регион, клучен предуслов за основање семејство се финансиите.

НВО Инфоцентарот и партнерските организации оваа анкета ја реализираа во рамките на проектот „Демографијата – квалитет на живеење“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество Македонија./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија6 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ9 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија10 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија11 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет13 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија1 ден

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...