Контакт

Вести

Француски новинар се инфилтрирал и минал шест месеци во редовите на IS

Објавено пред

Новинар на француската телевизија Канал плус минал шест месеци во редовите на терористичката организација Исламска држава (IS) и тајно ги снимал за потребните на документарниот филм што го подготвувал, пренесуваат француските медиуми.
 

dobivaj vesti na viber

Новинар на француската телевизија Канал плус минал шест месеци во редовите на терористичката организација Исламска држава (IS) и тајно ги снимал за потребните на документарниот филм што го подготвувал, пренесуваат француските медиуми.

 

Под псевдонимот Саид Рамзи, новинарот имал средби со џихадистите, ги снимал и открил како изгледа процесот на радикализација. Французинот се инфилтрирал во редовите на џихадистичката ќелија, а во филмот кој беше прикажан во понеделникот, себеси се опишал како муслиман од истата генерација како џихадистите кои ги извршија терористичките напади во Париз.

„Јас сум муслиман. Секој нов напад го менува мојот живот, го усложнува, развива проблеми на расизам и интеграција“, истакнал новинарот, додавајќи дека „не ги обвинува оние кои имаат предрасуди кон муслиманските мигранти“.

„Терористите од Париз се деца на мигранти, а опасноста од муслиманските терористи е реална. Сакам да се борам против оние луѓе кои убиваат во името на Алах, а оружјето кое го одбрав е инфлитрацијата“, рекол Рамзи.

За агенцијата AFP истакнал дека сакал да открие кои се мотивите што стојат позади делувањето на терористите и работите „кои се случуваат внатре во нивните глави“.

„Една од главните работи кои ги научив е дека никогаш не видов никаков ислам во сето тоа. Желбата не беше светот да се направи подобро место. Само изгубени, фрустрирани, со нагони за самоубиство и лесно изманипулирани млади. Ја имаа таа несреќа да се родат во време кога постои Исламска држава. Тоа е навистина тажно. Тоа се млади кои нешто барале, но го нашле ова“, рекол новинарот.

Со екстремистите со кои се поврзал преку социјалната мрежа Фејсбук, а контактирал со едно лице од француско-турско потекло, кое се викало Усама. Тој себеси се нарекувал „емир“ на групата. Џихадистичката ќелија имала најмалку десет екстремисти кои биле одлучни да убијат „максимален број на неверници“ и да го заслужат влезот во рајот.

Некои од екстремистите биле родени во муслимански семејства, но имали и такви кои преминале во ислам. Првата средба се случила во градот Шатору во централна Франција. Новинарот бил уверуван од страна на Усама дека рајот го чека доколку изврши самоубиствен напад.

„Кон рајот, тоа е нашата цел. Дојди брате, одиме во рајот, нашите жени таму не чекаат, со ангели како слуги. Ќе имаш палата и крилат коњ од злато и рубини“, говорел Усама. Местото на средбите потоа одвреме навреме се променувале, а една средба се случила и во париското предградје Стаинс.

Новинарот се присетил и на разговор со еден екстремист кој предлагал да се случи патнички авион со „мали носечки ракети“. Додека разговарале, екстремистот покажал со прст кон авион кој се приближувал кон аеродромот северно од Париз, и коментирале како таквиот напад би оставил стогодишни трауми во Франција.

Рамзи потоа изјавил како Усама живеел во „измислен свет“, а исто така предлагал и да из вршат напад на воена база, француските телевизии кои биле „ во војна против исламот“ и слично. Тој исто така ги фалел нападите над сатиричниот весник Шарли Ебдо и говорел како „илјадници Французи мора да умрат“. Усама неодамна бил уапсен во Турција и предаден на Франција каде што поминал пет месеци во затвор поради обид да отиде во Сирија

Новинарот додава дека и од затворот Усама останал во контакт со џихадистите, а во затворот бил во можност преку лаптоп и интернет да комуницира и со исламистите во Сирија.

„Тие ги читаат нивните блогови и Фејсбук страници. Комуницираат со борците во Рака“, рекол новинарот. Рамзи исто така сведочи дека еднаш сретнал и жена која му предала документ со упатства за напад на еден ноќен клуб, а службите за безбедност успеале да го откријат планот и да ја разбијат ќелијата, по што завршила и тајната мисија на францускиот новинар./крај/мф/бс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет3 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија4 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија8 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ9 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија10 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија11 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија11 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија13 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет15 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет16 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија16 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет24 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...