Регион
Лавров во Словенија: Да се отстранат вештачките пречки за Јужен тек

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во вторникот во Марибор се сретна со словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, при што разговараа за судбината на рускито гасовод Јужен тек, украинската криза и ситуацијата во југоисточна Европа.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјавата по средбата со словенечкиот колега Карл Ерјавец, на којашто присуствуваше и словенечкиот претседател Борут Пахор, изјави дека треба да се отстранат сите пречки кои вештачки се поставуваат за гасоводот кој треба да ги поврзе наоѓалиштата на енергенсот во Русија со потрошувачите во централна и јужна Европа.
Откако веќе западниот дел од континентот и од Европската унија се обезбедија за непречено и директно снабдување со руски природен гас преку исто така рускиот проект Северен тек, Европската унија ги преиспитува договорите што нејзините земји членки од југоисточна Европа, ги потпишаа со руски „Газпром“, поради неусогласеност со европските прописи. Сепак, се чини дека главните реакции на Брисел с од политичка природа, бидејќи во услови на разгорената украинска криза, Јужен тек целосно ја заобиколува Украина и ја прави безвредна нејзината гасоводна инфраструктура.
„Убедени сме д3ка сега е потребно да се отстранат сите вештачки препреки на патот на реализацијата на овој проект, како и да се дејствува во согласност со веќе потпишаните договори“, изјави Лавров, пренесе словенечката новинска агенција STA.
Во врска со ограничувањата и условите коишто европската комисија им ги поставува за градење на гасоводот низ државите членки на ЕУ, Бугарија, Унгарија и Словенија, но не и на Австрија којашто кон крајот на јуни го потпиша договорот, Лавров истакнал дека 2ретроактивната употреба“ на некои потписи не одговара на „нормите на меѓународното право, ниту на практиката на соработка меѓу цивилизираните држави“ , изразувајќи надеж дека Европската комисија повторно ќе ја активира работната група за решавање на сите отворени прашања поврзани со реализацијата на проектот Јужен тек.
„Русија е заинтересирана за реализација на сите договори кои беа зацртани во договорите на нашите влади, каки и другите важечки документи“, истакнал Лавров.
Зборувајќи за кризата во Украина, шефот на дипломатијата на Русија рекол дека треба да се стори сé што е неопходно да се спречи употребата на сила, оценувајќи дека Европската унија треба да инсистира на приоритетен прекин на огнот./крај/мф/сн
Извор: STA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.
Од 2019 година досега во таа земја се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби, спроведени се повеќе од 42 илјади инспекциски надзори, поднесени се 334 кривични пријави, а изречените парични казни достигнуваат 16,5 милиони евра, соопшти Инспекторатот.
Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин