Вести
Четириесет уапсени за нападот на саудиската амбасада во Техеран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/teherean20saudiska20ambasada.jpg)
Иранската полиција уапси четириесет лица во рамките на истрагата за нападот и подметнувањето пожар во саботата ноќта во амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран при протестите поради саудиското погубување на шиитскиот клерик Нимр Бакр ал-Нимр, соопштија во неделата властите.
Во саботата ноќта група демонстрантите успеаја да се пробијат во саудиската амбасада во иранската престолнина и да запалат некои делови од зградата.
Иранската полиција се судри со демонстрантите при што „Уапсени се четириесет лица осомничени за нападот врз амбасадата“, изјавил за AFP официјален претставник на иранските власти.
Агенцијата додаде дека во хаосот биле приведени и некои фоторепортери и новинари но набрзо биле ослободени.
Иранското министерство за внатрешни работи во неделата објави дека привремено ги забранува сите собири на просторите пред амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран, како и пред саудискиот конзулат во градот Машахад.
„Го разбираме гневот на граѓаните, но без разлика на тоа тие не треба да се собираат пред ниедна дипломатска мисија на Саудиска Арабија“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Џабер Ансари, пренесе агенцијата Tasnim.
Одлуката на Саудиска Арабија да го погуби во саботата влијателниот шиитски клерик шеикот Нимр Бакр ал-Нимр, жесток критичар на саудиската династија Ал Сауд поради обесправување на шиитското малцинство во земјата, ги разгневи шиитите во регионот предизвикувајќи масовни протести ширум Блискиот исток и земјите од Персискиот залив, како Јемен, Либан, Ирак, Сирија, Иран…
Егзекуцијата на шеикот обвинет за непочитување на монархот, тероризам и поседување оружје, предизвика и реакции од целиот неисламски свет кој стравува од разгорување на секташкото насилство во регионот.
Ал-Нимр, беше во затвор од 2012 година, а во 2014 година беше осуден на смрт и на 2-ри јануари 2016 година погубен заедно со уште 46 луѓе, од кои уште тројца шиити по разни обвиненија, и покрај барањата на Иран, Ријад да му го поштеди животот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.