Вести
Обама го менува името на планината Меккинли во Денали
Американскиот претседател Барак Обама го преименува највисокиот планински врв во Северна Америка, Меккинли на Алјаска, кому ќе му биде вратено изворното име Денали, со што се става крај на 40-годишната битка за именувањето на врвот висок 6.194 метри, објави во понеделникот Белата куќа.
Оваа одлука, донесена на почетокот од тридневната посета на американскиот претседател Барак Обама на сојузната држава Алјаска, тамошните коментатори ја толкуваа како знак колку силно Белата куќа настојува да се покаже во текот на преостанатите 16 месеци од неговиот мандат и во која мера борбата против климатските промени ќе остане дел од неговото наследство.
Двоглавата планина Меккинли ќе биде наречена Денали, според нејзиното именување на локалното население на јазикот којукон и значи „Висока“. Од крајот на XVIII век до продавањето на Алјаска на САД, овој врв бил највисок во тогашната Руска империја. Во 1896 година трагачите по злато го нарекле врвот во чест на Вилијам Меккинли, трагач по злато од сојузната држава Охајо, кој потоа станува американски претседател како републикански кандидат од 1897 до атентатот во 1901 година.
„Меккинли беше нашиот 25-ти претседател, тој трагично беше убиен во атентат половина година по изборот за вториот мандат. Меѓутоа, тој никогаш не стапнал на територијата на Алјаска, а планината висока околу 20.000 стапки над нивото на морето, највисоката точка на Северноамериканскиот континент, со векови е позната под друго име – Денали“, се истакнува во соопштението на Белата куќа.
Сенаторот од сојузната држава Охајо, Роб Портман, изрази разочараност од промената на името, и тоа го смета за „уште еден пример како Обама го заобиколува Конгресот“. Ја повика Белта куќа да пронајде некој поинаков начин да му одаде почест на Меккинли во Националниот парк Денали.
Истовремено американската администрација истакнува дека планината зазема централно место во митологијата на Атабаските, староседелскиот народ на Алјаска.
Иницијативата за преименување на планината беше покрената во Алјаска уште во 1975 година. Планината формално ќе ја преименува државниот секретар за национална безбедност, Сали Џуел, за што информираше претходно во неделата претседателот Обама.
Обама во понеделникот ќе пристигне на Алјаска, каде што ќе се сретне со претставниците на домородните народи и ќе одржи говор за американските приоритети на Арктик на меѓународната конференција во Енкориџ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.