Вести
Индија: Безредија на погребот на возачот убиен поради транспорт на говедско месо

Судири меѓу припадниците на полицијата и локалното население избувнаа во северните индиски сојузни држави Џаму и Кашмир за време на погребот на возачот кој беше убиен, како што претпоставува истрагата, поради транспорт на мртва крава, за која мислеле дека е усмртена за трговија со говедско место, пренесува во понеделникот агенцијата IANS.
Толпата започнала да ги гаѓа полицајците со камења, на што овие одговориле со солзавец и палки.
Стотици луѓе се собрале на погработ на возачот на камион Зихад Расул Бхат во областа Анантнаг, на 52 километри од Шринангар. Бхат се здоби со тешки изгореници на 9-ти октомври, кога толпа во близина на градот Удхампур го запали неговиот камион претпоставувајќи дека тој превезува говедско месо.
Како што се покажа подоцна, кравата поради којашто бил извршен нападот, пцовисала од труење со храна, а слуховите дека крајната цел на нејзиното убивање било нејзиното месо да биде продадено во малопродажба, предизвикаа безредија во државите Џами и Кашмир, претежно населени со хиндуси. Возачот од здобиените рани починал во неделата.
Во понеделникот, поради тензичната атмосфера во училиштата и на Кашмирскиот универзитет беа одложени испитите, а сообраќајот по автопатот Шрангар – Џаму беше сопрен. Лидерот на кашмирските сепаратисти повика на генерален штрајк во државата во знак на протест против убиството на Бхат.
Во последниот период во Индија се зачестени нападите врз муслиманите во врска со наводно продавање говедско месо, бидејќи за хиндусите кравата е свето животно. Кон крајот на септември толпа линчуваше жител на селото Дадри во северна Индија, откако 50-годишен муслиман бил осомничен дека одгледувал говеда за исхрана. Подоцна член на парламентот на Кашмир беше претепан од колеги, бидејќи на прием што го организирал служел говедско.
Во повеќе сојузни држави во Индија, продажбата и чувањето говедско месо е забрането со закон. Меѓутоа, на оваа забрана се спротиставува муслиманското население, чијашто религија дозволува употреба на говедско месо во исхраната. Покрај тоа, говедското месо во Индија е поевтино од другите видови месо, па забраната за негово продавање тешко се одразува врз најсиромашните слоеви коишто не можат да си ги дозволат поскапите прехранбени продукти./крај/мф/сн
Извор: IANS
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.